1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Дубиоза Колектив: со музика против неправдата

Мехмед Смајиќ | СН
30 октомври 2019

Дубиоза Колектив е еден од најпопуларните бендови во регионот. Групата е многу ценета и ширум Европа. Музиката и текстовите на оваа група привлекуваат големо внимание на публиката од разни возрасти.

https://p.dw.com/p/3SBxO
Dubioza Kolektiv
Фотографија: DW/S. Matić

Дубиоза Колектив е бенд кој ги напаѓа корумпираните политичари, го отфрла национализмот и верската омраза, пејат за медицинска манипулација и ја критикуваат власта. Дубиоза Колектив е група која има близок однос со фановите. Често настапуваат бесплатно и уриваат бариери меѓу публиката и музичарите.

„Како уметник е тешко да се испровоцираат луѓето на власт“, вели за Дојче Веле, Ведран Мујагиќ, член на бендот. „Добро се чуваат од тоа. Имаат добри советници. Но, затоа гледаме како завршуваат свиркачите кои зборуваат некои работи кои не им одговараат на владејачките структури па потоа завршуваат во затвор како што е последниот случај во Србија“.

Дубиоза колектив акустично во Дојче Веле

Брано Јакубовиќ, член на бендот вели дека „секоја политичка партија работи како картелите кои продаваат дрога. Секогаш има еден кој е главен, а останатите само слушаат. Неколку картели владеат со земјата како што е кај нас, а сите останати се еден вид потрошна стока кои работат во тие услужни дејности кои ним им требаат. Тоа е армија која гласа и сите заработуваат 400 евра“.

Како да им се спротистави на овие картели? „Во февруари бевме во Чиле. Секогаш кога сме во некоја земја се распрашуваме како функционира земјата, колку чинат работите и како живеат луѓето. И тогаш сфаќаш дека е тоа многу слично како и кај нас и оти е тоа земја која ја прегазила неолибералната транзиција многу рано. Тие ги имаат речиси истите проблеми кои и ние ги имаме. Само кога денес ќе го погледнете Чиле тогаш гледате дека таму десетици илјади луѓе протестираат, а кај нас во иста таква ситуација или во полоша нема никаква реакција. Дубиоза Колектив е група која е позната по својот ангажман во пружање поддршка на мигрантите.

Dubioza Kolektiv
Фотографија: DW/S. Matić

Брано Јакубовиќ: „Колку од нас во 90-тите години емигрираа во кој знае какви земји и каде сме прифатени и како луѓето помагаа, сега да не сме во состојба да му помогнеме на некој друг кому тоа повторно треба да го вратиме. Изгледа навикнавме дека ним им е најлошо и се чувствуваме загрозени ако нам не ни е најлошо. Никој нема право да му биде најлошо. Ние сме тие на кои им е најлошо. Научивме да живееме од трошки“.

Погледнете ја целата веб-емисија на ДВ на босански јазик со Дубиоза Колектив:

На гости во ДВ: Дубиоза колектив