1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Државно - владиниот врв на Србија единствен по прашањето на Косово

12 февруари 2008

Српската влада ќе ја прогласи за неважечка евентуалната независност на Косово е пораката од синоќешната средба на државно - владиниот врв во Белград. Денеска е планирана седница на српскиот совет за безбедност.

https://p.dw.com/p/D6Dn
Парламентот во БелградФотографија: AP Photo

Сите државни институции мораат да ги донесат неопходните одлуки и мерки, за поништување на сите противправни акти за едностраната независнот - порачаа претседателот Бирис Тадиќ, премиерот Воислав Коштуница и претседателот на Парламентот Оливер Дулиќ по синоќешната средба во Белград. Се очекува на седница на кабиентот на премеирот Коштуница да се донесе соодветна одлука, која потоа би требало да му се достави на парламентот за гласање.

Претседателот Тадиќ денеска пак треба да го информира српскиот совет за национална безбедност.

Засега нема повеќе детали за планираните мерки. Во јануари годинава српската влада веќе усвои акционен план кој треба да стапи на сила во случај на прогласување независност од страна на Косово. Не е соопштено кои мерки се содржани во планот. Според владини претставници Србија би можела да ги прекине дипломатските односи со оние земји кои ќе ја признаат независноста на Косово.

Студенски протести во Белград

Инаку вчера во Белград Студенската унија на Србија во координација со 56 младински и студенски организации од цела Србија усвоија декларација во која бараат да се деблокираат институциите на власта неопходни за функционирање на државата, потоа итно потпишување на на политички договор со ЕУ, што ќе го отвори патот за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација како и исполнување на сите преземени обврски од страна на Србија кон меѓународната заедница.

Сречко Шекљиќ од Студенската унија на Србија порача „Сакаме да упатиме јасен сигнал, јасна порака до носителите на власта во Србија, претставниците на граѓаните, дека не можат да отстапат од курсот за кои се заложија граѓаните на претходните избори, како на парламентарните така и на претседателските, и од курсот започнат 2000та година.“

Студенската унија на Србија најави продолжување на протестите доколку не се исполнат нивните барања.