1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има и „пооткачени“ кандидати од Доналд Трамп

Михаел Книге/Ж.А.12 мај 2016

Доналд Трамп, сосем сигурно не е типичен претседателски кандидат. Но, спореден со други кандидати за Белата куќа, тој изгледа речиси нормално.

https://p.dw.com/p/1Im9F
Фотографија: Reuters/J. Young

Вие сте Американец, постар од 35 години и имате интернет приклучок и доста време? Тогаш, можете официјално да станете претседателски кандидат. Партиска припадност или политичко искуство не се неопходни. Единствено треба пополнетиот формулар за својата кандидатура преку интернет да го доставите до Сојузната изборна комисија на САД и веќе сте на пат кон Белата куќа!

1.721 лица веќе го направиле ова и се регистрирани во Изборната комисија. Така, тие се официјални претседателски кандидати за 2016 година. Додека мнозинството вакви аспиранти остануваат само на регистрацијата, некои започнаа и сопствени изборни кампањи. Ви ги претставуваме петте „најегзотични“ претседателски кандидатури, покрај кои Доналд Трамп изгледа едноставно здодевно.

Вермин Супрем

Вермин Супрем е ветеран во изборната борба. Со својот препознатлив знак - чизма на главата, тој веќе учествувал во бројни изборни трки во САД. Ова се неговите изборни ветувања, ако стане претседател: секој Американец ќе добие по еден пони-коњ и ќе биде воведено задолжителн миење на забите за конечно да се извојува битката против воспаление на непцата.

Џефри Вагнер

И Џефри Вагнер исто така поседува политичко искуство. Тој се кандидирал за избор на градоначалник во Минеаполис во американската сојузна држава Минесота. Иако, неговата кандидатура за Демократско-фармерско-лабуристичката партија не била успешна. Но, со оглед што некои негови видеа од изборната кампања станаа вирални, хит на интернет, Вагнер конкурира и за најважната политичка функција во светот.

Банана за претседател 2016

Претседателската кампања за банана е насочена целно кон гласачите разочарани од традиционалните политичари. Изборниот слоган: никој не постигнува такви резултати како една банана.

Принцезата Оавлаволваол

Која е принцезата Оавлаволваол? Таа ненадминливо, со сопствени зборови во англиски оригинал вели: „Жена која претставува една земја зад која сите стоиме и со своите цели го обединува целокупниот универзален проток на енергија.“ А кои се целите на принцезата Оавлаволваол како претседателка? „Се радувам како вистинска принцеза на сите да ви бидам во служба на претседателската фотелја“.

Ендрју Д. Беишиаго

Ендрју Беишиаго се опишува себе си како позната личност од движењето за вистина. За претседателската функција во САД, како што вели самиот, го квалификува неговата дејност во својство на патник низ времето и истражувач на Марс во рамките на две строго тајни американски одбранбени проекти, како и неговата, во споредба со првата, „профана“ дејност - „борбен адвокат“.