1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Договор за Косово“ пишува Весли Кларк за париски „Ле Монд“

8 февруари 2005

Денес за разлика од Ирак, на Косово нема отворен конфликт, но потребни се оправдани и брзи мерки за да се реши прашањето за финалниот статут на оваа територија, за да не стави во опасност мирот и слободата на целиот Балкан, пишува Весли Кларк, командантот на силите на НАТО за време на војната на Косово, во трибината објавена во париски “Ле Монд”

https://p.dw.com/p/Acw1
Весли Кларк
Весли КларкФотографија: AP

Ако се фокализираме исклучиво на Ирак, можат да се појават опасности на други места, како на Балканот” - Пишува американскиот генерал Весли Кларк, сегашен член на Меѓународната кризна група во трибината под наслов “За слободно Косово”, објавена во парискиот весник “Ле Монд”.

Секој ден, се зголемуваат затегнатостите на Косово, оставјќи ја да лебди заканата од реприза на непријателствата кои ќе ја уништат тешко стекната слобода. Во 2005, САД и меѓународната заедница ќе треба да се спрегнат за да го решат прашањето за финалниот статут на Косово, пред да биди предоцна за да се спречи трагедијата.

Човекот кој командуваше со НАТО-силите за време на војната за Косово, оценува дека од интервенцијата во 1999 до денес, проблемот не е решен. Србите и Албанците на Косово сеуште не успеваат да имаат заеднички соживот. Мнозинското албанско население не прифаќа повторно да се поврзе со Србија и тоа нема да прифати ништо друго освен независност. Тој предвидува дека до крајот на годинава се можни нови нереди, слични како тие во минатата пролет, што може да доведи до ургентна поделба на Косово, опасен преседант кој ќе ги загрози напорите на САД и ЕУ за стабилизација на балканските мултиетнички држави.

По минатогодишните нереди, некои се запрашаа, дали едно толку кревко, нестабилно и неразвиено општество заслужува да има своја сопствена држава и да се грижи за неа. Весли Кларк, смета дека успешното спроведување на демократските избори ги постави темелите на една модерна економија и темелите на една Држава. Сепак заштитата на малцинствата не може да биди осигурана ако не напредува прашањето за финалниот статут. Вистинскиот проблем е тука.

Медиумските кампањи кои претскажуваат ново албанско насилство, обидите за застрашување на албанците од Прешевската долина и прераспоредувањето на српската армија на југот, претставуваат можеби првите салви на провокација, проценува американскиот генерал.

За да се избегне кошмарното сценарио за бунт на Албанците од Косово, што би предизвикало борби за доминација на Митровица и влегување на српската армија за обезбедување на северот од Косово, потребна е и без одложување една одлучна акција на САД.

“Групата за контакт” и Советот за безбедност на ОН треба уште отсега да ги утврдат основните принципи за преговорите и роковите за решавање на ситуацијата.

Предусловите за иднината на Косово, според Кларк треба да бидат следниве:

  • да не се присоединува кон Белград;
  • да нема поделба на територијата;
  • да нема идни присоединувања со Албанија, ниту со други соседни територии.

Ритамот на напредокот кон независноста на Косово, треба да биди подреден на начинот на кој се третирани малцинставата.

Генералниот секретар на ОН, треба да именува свој специјален претставник за почеток на консултации за еден нацрт текст на “Договор за Косово”, со цел да се изработи нов устав со сите гаранции за малцинствата. Продолжено меѓународно присуство и помош на новата држава Косово. Како и свикување на меѓународна конференција за крајот на 2005, за да се финализира и ратификува Договорот за Косово.

Ако Србија соработува, тоа ќе и дозволи да воведи гаранции за српското малцинство во новиот устав на Косово. Во спротивно, ако го бојкотира процесот и одбие да се откажи од суверенитетот тогаш цело Косово ќе ги ги поднесува последиците.

Ако финалниот статут биде блокиран во Советот за безбедност, тогаш потребно е САД заедно со своите европски сојузници да организираат на почетокот на 2006 референдум за новиот устав а потоа и дипломатски да ја признаат и помогнат новата држава. Заклучува Весли Кларк во трибината објавена во париски “Ле Монд”.