Дете од Гватемала почина во имиграциски притвор во САД
26 декември 2018Надлежните тврдат дека детето заедно со татко му било „веднаш“ однесено во болница откако станале видливи „знаци на можна болест“. Лекарите прво дијагностицирале „обична настинка“, но момчето подоцна имало зголемена температура. Откако во болницата било на набљудување околу еден и пол час, детето е отпуштено. Препишани му биле лекови.
Ноќта на 24 декември момчето почнало да чувствува мачнини и да повраќа. Повторно било однесено во болница, но починало нешто по полноќ. Официјалната причина за смртта сѐ уште не е објавена. Ќе биде отворена независна истрага.
На 8 декември во имиграциски притвор почина и седумгодишно девојче од Гватемала. Медиумите информираат дека девојчето било „дехидрирано“ и во „шок“.
Демократската пратеничка Нидија Веласкез побара опсежна истрага на најновиот смртен случај. Таа побара и ставање „крај на политиката на американската влада полна со омраза, политиката која е опасна и полна со непријателство кон странците“.
Повеќе:
Шлаканица за Трамп: Американски суд нареди спојување на бегалските семејства
Спортско игралиште на кое завршуваат сите соништа
Заострената борба против доселениците од Латинска Америка е една од тежишните точки на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Праксата на американската гранична служба да ги одвојува децата од родителите на граница, предизвика огромен гнев во јуни годинава, по што беше ставен крај на таквите постапки.