1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска продолжија разговорите за Косово во Виена

21 февруари 2007

Специјалниот посредник на ОН Марти Ахтисари инситира оти станува збор за нова рунда консултации, а не некакви нови преговори за статусот, бидејќи за статусот веќе преговарал изминатите година дена и тоа со обете страни. Сега неговиот сеопфатен предлог за идниот меѓународно правен статус на Косово и за неговото уредување веќе се наоѓа на маса. Белград и Приштина сега можат само да даваат предлог амандмани

https://p.dw.com/p/Adg1

на тој предлог.

Ахтисари пред новинарите денеска на пладне нагласи дека е задоволен од претпладневниот тек на разговорите, бидејќи претставниците на обете страни изнеле конструктивни предлози, за кои ќе се разговара понатаму. Според него до 2. март ќе се водат разговорите во врска со втората група прашања, што се однесува на конкретни ставки за статусот на Косово. Ахтисари меѓутоа инситира дека нема понатаму разговори околу меѓународно правната положба на покраината. Тој е подготвен со Приштина и со Белград да разговара за другите две третини од предлогот, што се однесуваат на статусот на малцинствата.

Претставниците на српската делегација, кои исто така им се обратија на новинарите, нагласија дека очекуваат сега да почнат правите преговорите за статусот. Александар Симиќ истакна дека Ахтисари според него е подготвен да се повлече од предлогот: Косово во иднина да не биде повеќе во рамките на суверенитетот на Србија.

Атмосферата на преговорите за Косово е навистина конструктивна, и тоа пред се‘ затоа што се стекнува впечаток оти обете страни на овие преговори дојдоа засилени од страна на некои од нивните меѓународни пријатели и помагачи. Албанската страна, според зборовите на Ветон Сурои, дошла да ги потврди заложбите за независност на Косово. Таа и очекува тоа да се случи, па со себе овој пат донела соодветни предлози што се донесуваат на статусот на малцинствата.

А српската страна на овие разговори настапува многу посамоуверено, отколку на претходните, поради засилено негативниот став на Русија кон предлозите на Марти Ахтисари. Тие очекуваат Русија и да го блокира предлогот за независност на Косово во Советот за безбедност на ОН. Ахтисари меѓутоа инсистираше на тоа дека Русија конструктивно соработува во рамките на Контакт групата.

Тој не сака да прејудицира какво ќе биде однесувањето на одделни членки на Советот за бебзедност кога ќе се донесува новата резолуција за Косово. Сега станува збор да се изработи предлогот, а не како кој ќе гласа за него подоцна – нагласи Ахтисари во Виена.