1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Две години по мартовските немири на Косово

17 март 2006

И покрај петте милиони евра вложени во обновата на куќите на протераните Срби и на двегодишницата од безредијата дел од српското население живее вон своите домови и во тешки услови.

https://p.dw.com/p/Adqf
Постара жена во едно српско село на Косово
Постара жена во едно српско село на КосовоФотографија: picture-alliance/ dpa

„И по цели две години ние сме овде. Нема никакви ветувања, ниту понуди да се вратиме, ниту пак некој доаѓа да не посети. Препуштени сме си на самите себе и се снаоѓаме како знаеме и умееме.„ – раскажува Олгица Суботиќ, протерано лице од градот Обилиќ.

Таа и уште 50 нејзини сограѓани од Обилиќ, Косово Поле и Кишница вака живеат веќе две години. Павле Мириќ, исто така од Обилиќ, во контејнер од 10 квадратни метри живее со сопругата само од хуманитарна помош.

„Работев во Електростопанство и примав минималец како сите други. Од минатата година на 9. мај ме натераа да се пензионирам и од тогаш не сум добил ни динар. Денеска предадов документи за социјална помош и ако ми одобрат добро, ако не што да правам. Цела година во секој случај не сум добил ни динар од никого.„

Иако владата на Косово го обнови пгооемиот дел од куќите што беа уништени за време на мартовските безредија пред две години, Мириќ вели дека многумина од Србите не се надеваат дека ќе можат да се вратат на нивните огништа.

„Да се вратиме во Обилиќ нема шанси. Ниту еден Србин не сака да се врати таму.„

Министерството за заедници и враќање, што е формирано една година по мартовските немири, стори се‘ што е во негова моќ за да им помогне на интерно раселените лица – вели портпаролот Фатмир Шехоли.

„Треба да се каже дека одреден број од нив вративме во Обилиќ, потоа дел од оние кои живееа во Приштина, но остана сепак и еден дел кој живее во Грачаница под многу тешки услови, во контејнери. Но, тоа и не е проблем на нашето министерство ,туку со него треба да се занимава целата косовска влада„ – смета портпаролот на Министерството за заедници и враќање на интерно раселените лица.