1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца војници на Бундесверот загинаа во Авганистан

26 јуни 2005

Бундесверот ја потврди оваа информација соопштувајќи дека инцидентот се случил додека војниците и локалните помагачи , полнеле со сандаци со муниција два камиони во градот Рустак во провинцијата Кундус . Во експлозијата загинале и петмина Авганистанци.

https://p.dw.com/p/Aex7

Инаку германските војници стационирани во Кундус се вклучени во операцијата за уништување на оружјето и муницијата останати по деценискиот воен конфликт во Авганистан .

И во овој смртоносен инцидент станувало збор за дел од редовната процедура на германските војници во Кундус . Муницијата која ја товареле на камионите ден претходно им била предадена од страна на еден поранешен воен командант во покраината Кундуз.

Портпаролот на ИСАФ во Кабул Карен Тисо ван Патот истотака го потврди инцидентот и истакна дека се прават напори да биде обезбедено местото на експлозијата:

„Експерти за експлозивни материјали утринава тргнаа од Кабул кон местото на експлозијата во Рустак . Нивна задача е најнапред да утврдат дали е сигурен останатиот дел од муницијата . Тие ќе го истражат местото и ќе го блокираат со цел никој да не може да му се приближи поради опасноста која се заканува“

Бундесврот соопшти дека станувало збор за несреќна детонација на муницијата додека таа била товарена во камионите . Портпаролката на силите ИСАФ во Авганистан Карен Тисо ван Пато сепак истакна дека засега не се исклучува можноста дека станувало збор за напад:

„ Со сигурност ќе истражиме детално се што е поврзано со овој инцидент . Знаеме дека муницијата била сортирана и била подготвувана за уништување . Се обидуваме да дознаеме кои парчиња муниција биле сигурни а кои несигурни“

Германија има околу 2200 војници во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан . Најголемиот дел од нив се стационирани во главниот град Кабул.