1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Косово е преседан?

Анализа на агенцијата ДПА19 февруари 2008

Косово е посебен случај и не може да се спореди со ниту еден друг регион во Европа,нагласуваа голем број држави на ЕУ. Но, не можеа да спречат размислувања дека Косово ќе им даде поттик и на други сепаратистички движења.

https://p.dw.com/p/D9d6
Косово е посебен случај или еден од многуте?Фотографија: AP

Досега на ваквите движења им се спротивставуваше ставот дека неповредливоста на границите е основен принцип на стабилноста. За ЕУ, во случајот на Косово, овој принцип не важи и на тој начин се создаде можеби преседан. Дали сега на кипарските Турци, на Баскијците, на босанските Срби или на Шкотланѓаните може да им се одбива она што им е дозволено на Косоварите?

„Косово е само почеток“, смета историчарот и експерт за Европа, Франциско Веига од универзитетот Барселона. Русија предупреди од можен домино-ефект, меѓу другото во регионот на Кавказот и на Црното море. Во Европа има многу движења кои се борат за независност на определени региони или за нови демаркации на граници. Независноста на Косово предизвикува нови тензии, пред се‘ На Балканот. Во Босна и во Северно Косово Србите сега би можеле погласно да бараат приклучување кон Србија. Албанците кои живеат во Македонија би можеле да бараат поврзување со Косово. На тој начин би го довеле во опасност натамошниот опстанок на државата. Стравовите од домино-ефект на Балканот се повод некои земји од ЕУ, како што се Грција или Романија, да одбијат признавање на независност на Косово. Кипар стравува дека Косово би можело да биде урнек за сееврниот дел на островот, окупиран од турските сили. Дури и Словачка, која и самата произлезе од поделбата на Чехословачка, е против одвојување на Косово од Србија: „Ние не сме против независно Косово, но сакаме за тоа да биде постигната согласност“, изјави словачки дипломат. Шпанија во независноста на Косово гледа прекршување на меѓународното право и стравува дека сепаратистите во Баскија, Каталонија и Галиција во тоа ќе најдат потврда за својата борба. „Еднострано прогласување независност никогаш во историјата не донесло нешто позитивно“, смета министерот за надворешни работи, Мигуел Анхел Моратињос. Мадридскиот весник „Ел Мундо“ побара Шпанија со вето да спречи признавање на Косово од страна на ЕУ. Франција е соочена со движења за независност на Корзика и во Баскија и има работа со самосвени малцинства во Бретања, Елзас и во францускиот дел на Каталонија. Парис долго време се спротивставуваше на распад на Југославија и конечно на независност на Косово. По пропаѓањето на разговорите за Косово, претседателот, Никола Саркози, сепак се изјасни за „уреден премин кон независност на Косово“. Во Белгија фламанските групи се стремат кон основање сопствена држава и на тој начин го доведуваат во опасност натамошното опстојување на кралството. Во Велика Британија Шкотланѓаните се борат за повеќе самостојност. Во мај 2007 година националистичката партија, СНП, стана дел од шкотската влада. Таа бара одржување референдум за независност. Шефот на партијата, Алекс Салмонд, смета дека независна Шкотска, поради нејзините резерви со нафта, би можела да стане третата најбогата држава во ЕУ.