1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали „Бондстил“на Косово била како Гвантанамо?

Тони Гламчевски26 ноември 2005

Алваро Хил Роблес, Комесарот за човеквите права на Советот на Европа за париски „Ле Монд“ вели дека во септември 2002 при посетата на Косово, во американската воена база „Бондстил“видел нешто слично на Гвантанамо.

https://p.dw.com/p/Acci
Тајни летови на ЦИА
Тајни летови на ЦИАФотографија: AP

Во Европа се поставуваат многу прашања за да се разјасни дали на континентот постоела мрежа на тајни затвори, раководени од американската тајна служба ЦИА. Алваро Хил Роблес, Комесарот за човеквите права на Советот на Европа за париски „Ле Монд“ вели дека во септември 2002 при посетата на Косово, во американската воена база „Бондстил“видел нешто случно на Гвантанамо.

„Видено од височината на стражарската кула, местото наликуваше на Гвантанамо со помали размери“, раскажува европскиот комесар за правата на човекот, чиј мандат завршува на крајот од годинава. “Малите дрвени бараки беа опкружени со висока бодликава жица. Видов меѓу петнаесет до дваесет затвореници затворени во овие куќарки, облечени во црвени комбинезони како затворениците од Гвантанамо.“ Хил Роблес прецизира дека тие не биле врзани со синџири, но повеќемината од нив биле седнати. Некои биле брадосани, некои го читале коранот. А некои биле изолирани во ќелии. Меќу ќелиите биле уредени патеки за поминување на стражарите. Во Бондстил Алваро Хил Роблес сретнал и една жена американски војник која му рекла дека претходно служела на Гвантанамо. Тој веднаш на лице место, „шокиран“, се сретнал со претставникот на американскиот депратмант за правда од кој побарал да бидат демонтирани инсталациите кои наликуваат на тие од Гванатанамо.

Во својот извештај за ситуацијата на човековите права на Косово, Хил Роблес забележува дека затворските услови биле „доволно задоволувачки“. Затворот во Бондстил е главниот затвор на силите на КФОР на Косово, тој не е таен бидејќи затворениците биле посетени од Амнести интернационал, Црвениот Крст и родителите на затворениците. Францускиот генерал Марсел Валентин, кој на времето командуваше со КФОР, според комесарот за човекови права се чувствувал непријатно при посетата на Бондстил. Валентин тврди дека потпишал само на двапати наредби за затворање на странци, алжирски исламисти, протерани по два месеци поминати во Бондстил, и на една група на арапски активисти со европски пасоши, набрзо ослободени заради недостиг на докази. Според сведочењето на францускиот генерал за радиото „Франс Интер“ сите затвореници за помалку од еден месец и биле предадени на локалната полиција.

Сепак обвинувањата на Хил Роблес, кој бара појаснувања, отвора многу прашања за тоа што се случува на оваа воена база, но и на други места во Европа. Ако се покаже дека Бондстил навистина послужил како затворски центар или транзитна зона за затворениците на ЦИА, се отвораат многу прашања за транспарентноста на американските активности кон нивните сојузници, посебно на една база поврзана со операција на НАТО под закрила на Обединетите нации.

Советот на Европа е одлучен да ја дознае вистината за тоа што се случување во Европа од јанураи 2002 до денес. Истрагата е отворена. Според известувачот на ПС на СЕ, Дик Марти, податоците на цивилната контрола на летањето ЕВРОКОНТРОЛ можат да послужат за да се дознаат ротациите на евентуалните „летачки затвори“ на ЦИА. А 46 земји членки на СЕ, ќе треба до 21 февруари 2006 да ги достават сите информации до Стразбур за ова прашање. Од Стразбур ни беше потврдено дека засега Советот на Европа не испратил свои експерти, во ниту една земја членка за да трагаат за постоењето на тајни затвори.