1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дака: Парламентарни избори на Косово на 8 јуни-невозможна опција

СН/жа/миа/бета3 мај 2014

По предлогот на косовскиот премиер Тачи парламентарните избори да се одржат на 8 јуни, претседателката на Централната изборна комисија на Косово, Валдете Дака порача дека временскиот рок до изборите е премногу кус.

https://p.dw.com/p/1BtN1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателката на косовската Централна изборна комисија, Валдете Дака, оценува дека 8 јуни е невозможна опција за организирање добри и успешни парламентарни избори, поради рокот од само триесет дена за нивно организирање. „Нема потребно време за организирање избори на осми јуни, затоа што на располагање ќе имаме само 30 дена. Ќе биде тоа еден многу кус временски период. Значи, доколку парламентарните избори се одлучи да се одржат на 8 јуни, ЦИК ќе се соочи со еден голем предизвик. Затоа, овој датум ми се чини како невозможна опција“, изјавила Дака за приштинскиот весник „Епоха е ре“ (Нова ера).

Според неа, многу тешко ќе биде организирање парламентарни извори во рок од триесетина дена, имајќи го во предевид и фактот што по првпат вакви избори ќе се спроведат и во северниот дел на земјата.

„Да организирате парламентарни избори за 32-33 дена е многу тешко, имајќи предвид дека по првпат парламентарни избори се спроведуваат и во северниот дел. Сите знаат со какви предизвици се сочувавме на локалните избори во овој дел,

изјави Дака, нагласуваќи дека кусиот временски период за нивно организирање ги доведува во прашање и нивниот квалитет и исполнувањето на сите законски барања. Сепак, нагласува таа, како и да е, ЦИК има законска обврска да ги организира на најдобар начин парламентарните избори кога и да се одлучи тие да се оддржат.

Доколку на 5 мај се распушти парламентот, тогаш 8 јуни како опција може да се отфрли, вели Дака и сугерира дека многу подобро ќе биде претставниците на интитуциите и политичките лидери да се консултираа и со комисијата.

Парламентарните избори да се оддржат на 8 јуни е предлог на премиерот и лидер на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи.