1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Да не се отпишува вакцината АстраЗенека

Фабијан Шмит
16 март 2021

Во Германија е запрено вакцинирањето со Оксфордската вакцина додека надлежните регулатори не извршат дополнителни испитувања. Но, тоа не значи и дека вакцината АстраЗенека не е сигурна, смета Фабијан Шмит.

https://p.dw.com/p/3qfzW
Niedersachsen | AstraZeneca Impfstoff: Impfung von Polizeibeamten
Фотографија: Julian Stratenschulte/dpa/picture alliance

Да, точно е дека две лица починале од венска синусна тромбоза, други морало да бидат примени на лекарски третман во болница. И да, точно е дека тоа се случило откако лицата ја примиле Оксфордската вакцина на АстраЗенека.

Но, од тоа да се извлекува заклучок дека вакцината е опасна, би било преурането. Зашто, прво не е јасно дали тромобозата навистина е поврзана со вакцината, а второ – луѓето од ден во ден се изложени на многу поголеми ризици од тромбоза отколку што можеби ни се закнуваат од вакцината.

Корелација или каузалност?

Најпрво најважното: одделни лица добиваат тромбоза – со или без вакцина. Дали станува збор за случајност или каузална поврзаност со вакцината, обично покажува статистиката. Прашањето гласи: постои ли невообичаена зачестеност на случаи на тромбоза по вакцинирање?

Повеќе за пандемијата: Во клештите на коронавирусот

По сѐ што досега знаеме, тоа не е случај кај вакцината АстраЗенека. Лекарите само во Велика Британија досега употребиле преку 11 милиони дози од оваа вакцина, притоа настапиле три случаи на синусна венска тромбоза. Меѓу 1,6 милиони вакцинирани во Германија имало седум случаи.

Тоа соодветствува на четири случаи на еден миион вакцинирани од почетокот на февруари. Но, овој вид на тромбоза настанува и без вакцинирање, во целокупното население годишно се регистрира два до пет пати на еден милион лица.

Најновите случаи се настанати по употреба напроизводствена серија на вакцинатакоја исто така опфаќа околу еден милион лица. По толку многу дадени вакцини, логично е луѓето во одредена временска рамка на вакцинирањето да добиле и тромбоза, тоа може да биде случајно.

Сепак, правилно е Агенцијата за лекови и другите регулаториуште еднаш темелно да ги проверат резултатите од сите студии и достапните бројки, зашто многу студии, поради забрзаните постапки за издавање дозвола, всушност не се целосно завршени.

Патем, секогаш настапуваат смртни случаи по вакцинирањето посебно кај тешко заболени лица. Тоа е природно, сите умираме, сеедно дали со или без вакцина.

Високи ризици од тромбоза во секојдневието

Земено во целост, целата работа не е причина за паника: во одделни случаи ние сме изложени на многу поголеми риици од тромбоза од оние кои сега- можеби- ни се закануваат од вакцината. Да споменеме само некои примери, веќе познати и научно докажани: од еден милион жени кои примаат анти беби пилула, околу 1100 добиваат тромбоза.

Освен тоа, различни околности или начин на живот и однесување значително го зголемуваат нашиот ризик да добиеме тромбоза. Во нив спаѓаат: прекумерна тежина, патување (посебно авионски летови на долги релации, возење со автомобил, автобус или воз), како и пушењето. Сите овие фактори се научно непобитно докажани. А поврзаноста со вакцинирањето напротив не е.

Вакцините спасуваат животи, а Оксфордската вакцина спаѓа во нив

Се наоѓаме на прагот на опасен трет бран на инфекции со коронавирус. За Германија медицинарите прогнозираат за Велигден инциденција од преку 300 случаи неделно на 100.000 жители.

Сите досега достапни вакцини на пазарот покажаа функционалност. Тоа значи: тие и кај сега доминантните варијанти на вирусот спречуваат тешки форми на заболување.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

Оттаму, вистината гласи – вакцините спасуваат животи, а исто така и вакцината АстраЗенека спасува животи.

Со оглед на глобалната распространетост на епидемијата со во меѓувреме преку 120 милиони инфицирани луѓе и преку 2,6 милиони смртни случаи, не можеме да си дозволиме фрлање ниту на една единствена доза вакцина.

Секоја доза вакцина треба да се употреби. А кога и јас ќе дојдам на ред за вакцинирање, радо ќе ја примам и вакцината АстраЗенека.