1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: Данок на луксуз само за богатите?

Елке Мајвалд / Е.М. Фиданоска2 август 2015

Сопствениците на јахти во Грција наместо 10% треба да плаќаат 13% данок и тоа ретроактивно за минатата година. Меѓутоа, обврска за плаќање данок сега имаат и сопствениците на помали бротчиња. Тоа ги доведува до очај.

https://p.dw.com/p/1G6mZ
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Tzortzinis

Кога пензионерот Статис Ропас го чисти и поправа својот 25 години стар брод, се смирува. Ги заборава грижите. Новиот данок меѓутоа го преплаши.

„Тоа за би било убиствено за мојот омилен спорт. Јас пловам со години и се надевав дека сега, кога сум во пензија, ќе можам да уживам и натаму во тоа, дури и повеќе. Но, едноставно не можам да си го дозволам овој данок. Зашто тој доаѓа одозгора на сите други трошоци за одржување на бродот“, вели Ропас.

Сепак, данокот ќе се пресметува според вредноста на бродот, а тука Статис Ропас има среќа: неговиот брод е долг над 5 метри - значи мора да плаќа данок - но за пензионерите има попусти, исто како и за постарите бродови. За дрвените бродови ќе се плаќа половина од даночната стапка. Статис Ропас не е рибар, инаку би бил сосема ослободен од плаќање данок.

Странските јахти не се погодени од данокот. А на богатите сопственици 13-те проценти данок речиси и не им пречат. Ако не сакаат да ги платат, имаат едноставно решение. Џорџ Ригинос, менаџер на „Ригинос Јахти“, обајснува какво:

„Богатите сопственици ги оставаат своите бродови во Турција, а тоа никого не го загрижува. Тие едноставно со авион ќе стигнат до таму и се качуваат на брод. Но, едноставното човече кое го полирало бродот, го фарбало и поправало, тоа човече веќе нема работа.“

Очекуваното избегнување на плаќањето дaнок од страна на богатите значи чини дури и работни места во делот на поправките и одржувањето на брдоовите. А, со тоа чини и даночни пари. Ситните бродосопственици меѓутоа би требало д а ја полнат даночната каса, или би морале да се откажат од своето хоби.

Грција: Данок на луксуз само за богатите?