1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците почнуваат одново

Д. Фишер/бг14 јули 2015

Договорот за нова финансиска помош за Грција доаѓа во пакет со длабоки и тешки реформи. Што мислат Грците за бриселскиот компромис?

https://p.dw.com/p/1FyBv
Фотографија: picture-alliance/abaca

На чекањето во редици му дојде крајот: и во следните недели парите од Европа кон Грција ќе продолжат да течат. Тоа во секој случај го очекуваат многу Грци. По договорот во Брисел- олеснување на улиците на Атина.

„Ќе биде многу тешко, но немаше друго решение. Разбирате ли? Сега почнуваме одново“.

„Мислам дека луѓето ќе останат мирни. Веќе го покажавме тоа. Но не сум сигурен дека договорот од Брисел го содржи она што го искажавме на референдумот“, велат граѓаните во Атина.

Пред една недела мнозинството Грци одбија натамошни реформи и мерки за штедење. Но сега тие мора да се спроведат- тоа е условот на кредиторите. Владата во Атина сега се надева на разбирање од граѓаните.

„Сметам дека сите парламентарци од Сириза ќе сфатат дека премиерот вистински се бореше изминатите денови во Брисел и ќе прифатат дека овој изнуден компромис е единствениот можен излез во овие услови“, вели Јоргос Катругалос, заменик министер за внатрешни и административни реформи.

Не сите Грци ги прифаќаат овие проценки на министерот. Грекзитот повеќе не е тема- но за многу Грци цената за тоа ќе биде превисока.