1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски се презентира како непоколеблив патриот

11 април 2008

За намерата за самораспуштање на македонскиот парламент за да се издејствуваат предвремени избори информира „Ноје цирхер цајтунг“.

https://p.dw.com/p/DgAB
Македонскиот премиер Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер.Фотографија: DW

Весникот фактички избрза пред настаните и пишува дека е веќе донесено решение за самораспуштање на парламентот. Известувајќи за мотивите, во весникот се вели дека ДУИ уште од претходните избори „со сите сили се бори повторно да дојде на власт. Добрите резултати во анкетите на јавното мислење се причина што и ВМРО на премиерот Никола Груевски исто така се изјасни за избори - продолжение на неговиот мандат за четири години е веројатно. На Груевски не му се зема за зло ни што Македонија пропушти да доби покана за пристапување кон НАТО поради грчкото вето. Национален консензус е дека единствено Грците се виновни за тоа - за таа оценка Македонија потврда гледа во многубројните странски изрази на солидарност од Западот. Груевски можеше да се презентира како непоколеблив патриот, кој, подржуван од целата земја, ги отфрли грчките барања во спорното прашање за името.

Партијата ВМРО, меѓутоа, профитира и од трајната криза на опозиционите социјалдемократи, кои од изборниот пораз во 2006-та година повеќе се зафатени со самите себе си, отколку со опозициона политика“ - известува „Ноје цирхер цајтунг“.


Весникот „Ди пресе“ од Виена пак, се занимава со словенечкото претседателствување со ЕУ. „Словенија: прекрасен домаќин, но слаб шеф“ е насловот на текстот, во кој, покрај другото, се вели:

„Претседателството на малата двомилионска држава беше експеримент: прв од новите челнови на кормилото на ЕУ, реформска зземја со мали капацитети и без искуство во ЕУ. А во заднината - еден хиперактивен француски претседател, кој како наследник на полугодишниот трон порадо денес, откоку утре би ја преземал командата.

Во Љубљана, пријатен главен град со барокни фасади и медитеранска атмосфера, удобно може пешки да се стигне насекаде. Во една странична улица се наидува на една едноставна зграда од предградие со истакнати знамиња - седиште на месна заедница? Не, туку седиште на претседателството со ЕУ. Централите на моќ изгледаат поинаку“.

Во написот понатаму се вели дека во подготовките за претседателствувањето помагале „10-мина германски дипломати и еден од Австрија“. „62 милиона беа предвидени во буџетот, вклучително и конференцискиот простор во селото Брдо. Многу за малата земја, малку за едно претседателствување. За споредба: Австрија претседателството ја чинеше 87 милиони. Австрискиот амбасадор Валентин Инцко потврди: ’Организацијата е подобра, отколку кај најголемиот број претседателства‘. Со едно ограничување: политички Словенците немаат многу што да кажат“ - пишува виенскиот весник „Ди Пресе“.

►◄