Груевски потврди дека бара отштета од Заев
30 мај 2014Реклама
„Да, тоа е точно. Ако Заев верува во тоа што го изнесе, нема потреба да се плаши, но мислам дека нема да излезе така, затоа што неговите наводи не се точни“, одговори денеска премиерот Никола Груевски на прашањето дали навистина поднесол тужба за клевета против лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнесените наводи во врска со случајот „Македонска банка“.
Адвокатот на Заев, Мирослав Вујиќ, за Плусинфо рече дека првото рочиште од судскиот процес во кој премиерот Груевски побарува отштета од лидерот на СДСМ, е закажано за 19 јуни.