1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големо оро во Охрид за отворање на сезоната

Милчо Јованоски10 мај 2014

Наместо планираните над 18 илјади луѓе во македонското оро за Гинис денеска се фатија околу 7000 играоци од Охрид, Струга и цела Македонија.

https://p.dw.com/p/1Bxaq
Фотографија: DW/M.Jovanoski

Идејата беше навистина инспиративна, но барем во Охрид домаќините и гостите не го доживеаа така како што се очекуваше и изостана атрактивноста на целиот настан.Ќе има и други шанси, вели Насер Хот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот: „Денеска го направивме она што го ветувавме, но во далеку помал број на луѓе. Орото е изграно со околу 7000 учесници тоа е далеку помалку од ветените 18 илјади луѓе. Ова всушност беше граѓанска иницијатива и тие што можеа да се вклучат го сторија тоа. Ние смогнавме сили да донесеме некаде околу 7000 луѓе тоа е еден огромен број на превозни средства од речиси цела Македонија. Дојдоа од сите генерации и возрасти. Во последен момент одлучивме орото да играме на потегот од реката Сатеска преку месноста Подмоље до влезот на Охрид. Орото беше во низа и е документирано, треба да го доставиме до канцеларијата на Гинис. Двата града дадоа поддршка на настанот и оттука сакавме симболично да се спојат.

Обидот да се сруши кинескиот рекорд не го следеа претставници на Гинис, но сепак организаторите ќе конкурираат во една друга категорија, објаснува Хот: „Имавме една оптимистичка варијанта да собориме еден друг рекорд од Кина оро со 17 200 учесници , меѓутоа тоа кинеско оро. Кога ги контактиравме од Гинис последниот пат тие не преместија во категоријата од 2500 учесници со оро во низа.

Првичната идеја беше луѓе фатени за раце да изиграат заедно оро од „Мостот на поезијата во Струга до комплексот „Горица“ во Охрид. Со најголемото македонско оро симболично е најавен почетокот на новата туристичка сезона во Македонија, одбележани се и Меѓународниот ден на танцот и јубилејот 65 години од постоењето на „Танец“. Играорците на овој македонски државен ансамбл денес на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев “ одиграа концерт на отворено запознавајќи ги бројните туристи и охриѓани со музичкото и фолклорното богатство на Македонија.