1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем број жртви во бомбашки напад во Исламабад

АТ/ ртре/афпе/апе/дпа9 април 2014

Во пакистанскиот главен град Исламабад при експлозија загинаа голем број луѓе. Бомбата детонираше на пазар полн со луѓе. Пакистанските талибанци го осудија нападот и истовремено отфрлија каква и да е одговорност.

https://p.dw.com/p/1BeGY
Фотографија: Aamir Qureshi/AFP/Getty Images

Според информации на полицијата во нападот загинаа најмалку 23 лица, а околу 40 се повредени. Многумина се сѐ уште во животна опасност. Бомбата била ставена во кутија со гуава плодови. Бомбата екслодираше утрото кога пазарот за зеленчук и овошје беше преполни со луѓе. Очевидци информираат дека бомбата направила кратер голем околу еден метар и половина. Насекаде лежеле мртви.

Пакистанските талибанци го осудија нападот и истовремено отфрлија каква и да е одговорност. „Нашите луѓе не го сторија тоа“, соопшти портпаролот на пакистанските талибанци Шахидулах Шахид. „Ги жалиме цивилните жртви“. Тој нагласи дека пакистанските талибанци се придржувале до примирјето постигнато на почетокот на март.

Премиерот Наваз Шариф од минатата година пружа напори за мировни преговори со пакистанските талибанци, кои се борат за исламизација на Пакистан. Меѓу барањата на екстремистите спаѓаат и воведувањето на Шаријата и запирање на американските напади со беспилотни летала врз нивните позиции.

Атентатот е еден од најтешките во последните години во главниот град. Исламабад досега ретко беше цел на напади. Во останатите делови на Пакистан меѓутоа редовно се случуваат терористички напади.

Вчера при напад во еден воз на југо-западот на Пакистан беа убиени дванаесет луѓе. Претходно во борбите во Белуџистан, според информации на властите биле убиени 30 бунтовници.