1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годишнина од воздушните напади на НАТО на Косово

24 март 2004

На 24 март 1999 нешто по 20 часот, НАТО започна со воздушните напади врз воени цели во Србија. Целта на нападите беше да се спроведе барањето на Обединетите нации за завршување на насилствата на Косово. Слободан Милошевиќ, тогашниот властодржец во Белград, до крајот се опираше да ги исполни тие барања. И денес понекаде се дискутира за легитимитетот на оваа воена интервенција.

https://p.dw.com/p/AdGR
КФОР на Косово
КФОР на КосовоФотографија: AP

Пет години по нападот на НАТО врз Белград

Коментар Андреј Смодиш

Во германскиот има една изрека: подобро крај со стравотии, отколку стравотии без крај. Оваа изрека е најдобриот опис на ситуацијата на Косовопред пет години. Тогашното решение на НАТО и Европската унија да сестави крај на српската политика на војна и притисоци беше правилно. Беше тогаш и се чини дека е и денес. По развојот во последните пет години, политички, решението беше јасно и одамна потребно: во повеќе резолуции на ОН српското раководство залудно беше повикувано да ги запревоените насилнички акции на Косово, да дозволи враќање на сите бегалци и повторно да му ја гарантира автономијата. На тие резолуции се повикуваа НАТО и ЕУ. Поинаку, на пример од Садам Хусеин во Ирак, Милошевиќ се опираше до крај да ги исполни барањата на Советот за безбедност. Така беше и потоа, различно од Ирак. Главната причина за војната не беше новоткриена сторија: српски воени напади, во меѓувреме 460 илјади бегалци, никави разговори за автономија - сето неспорна реалност.

79 дена по почетокот на нападите се појави резултат: Милошевиќ се потчини на барањата на Советот за безбедност. ОН заклучија самите да ја спроведат автономијата на Косово со помош на НАТО, воздушните напади беа запрени. Резултатот може да се види од тоа што истиот ден на 10 јуни 1999 на големата конференција на министрите за надворешни работиво Келн беше договорен Пактот за стабилност за Балканот. Имаше и други позитивни резултати: лидерската позиција на Милошевиќ за првпат беше сериозно ставена под прашалник - по скоро една година беше отстранет. Српскиот пат кон демократија можеше да започне. Освен тоа, околу 800 илјади бегалци од Косово можеа да се вратат и за првпат по повеќегодини, косовските Албанци можеа да живеат без страв. За жал Србитеплатија висока цена за тврдоглавото однесување на нивното водство: вовоздушните напади загинаа цивили, економските штети беа преголеми.Непосредно по завршувањето на нападите преку 200 илјади Срби, но и Роми и други неалбанци, беа протерани од Косово. И има се уште премногу екстремен национализам кај косовските Албанци што повторно се покажа во минатата недела. Но, дали нападот на НАТО поради овие негативни страни беше грешка? Што ќе се случеше ако ги немаше воздушнитенапади? Веројатно сега околу милион косовски Албанци ќе живееја во бегалски логори во Албанија и Македонија.Диктаторот Милошевиќ ќе седеше во претседателската фотелја, а не во келијата во Хаг. Ќе имаше герилски борби на Косово и веројатно во меѓувреме ќе имавме војна во Македонија. Хорор-сценарио што никој сериозно не би го посакал. Билансот е јасен. Решението на НАТО и ЕУ за воена интервенција беше тешко, но спречи уште поголеми страдања.