Гидо Вестервеле денеска во Приштина
11 август 2011Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска ќе ја посети Приштина во рамките на балканската турнеја во која разговараше и во Подгорица и Дубровник со црногорски и хрватски претставници.
Вестервеле во Приштина ќе разговара со косовскиот премиер Хашим Тачи и командантот на КФОР, Ерхард Билер.
Вестервеле е прв шеф на дипломатијата на некоја земја-членка на ЕУ кој доаѓа во Косово по избивањето на кризата со граничните премини Јариње и Брњак.
Српскиот претставник во преговорите со Косово, Борислав Стефановиќ во меѓувреме оцени дека кризата со граничните премини на северот на Косово е завршена, и најави почеток на дијалог со Приштина во Брисел.
„Верувам дека ќе успееме да го решиме проблемот со царинските печати, иако тоа е сосем одвоено прашање од административните премини. Тоа е наша црвена линија“, рече Стефановиќ.
Автор: БГ/ СН/ дв/ макфакс
Редактор: Александра Трајковска