1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Герц:ЕУ треба да преземе поголема улога на Косово

4 мај 2004

Воочи мартовските нереди на Косово потфрлија разузнавачките служби,тврди во интервју за радио Дојче Веле претседателот на синдикатот на германската војска Бернард Герц,барајќи ЕУ да ја преземе водечката улога во решавањето на политичката криза во покраината.

https://p.dw.com/p/AdDz
Фотографија: AP

Мартовското насилство на Косово за германските припадници на КФОР беше прилично депримирачко искуство,вели Бернард Герц,објаснувајќи дека војниците кои ги обезбедувале црквата во Призрен и манастирот надвор од градот биле ставени во ситуација да ги напуштат во бекство:

-Тоа што се случи сигурно не беа спонтани немири.Тоа беше планирана акција и тоа на генералштабно ниво,речиси воена операција,која истовремено започна на различни места.Беше организирано на пример германската воена база кај Призрен со демонстрации и вештачки создадени сообраќајни мешаници да биде така блокирана ,што на војниците кои ги обезбедуваа црквата и манастирот да не може да им дојде засилување.Значи,се работеше целно војниците да бидат ставени во ситуација или да пукаат во огромната маса луѓе или да ги земат со себе монасите и да побегнат за да не дојде до крвопролевање.

За таква ситуација моравме да бидеме подготвени од страна на нашите известувачки служби,но сведоци сме дека не им успеа да изградат канали за информирање за да добиеме податоци благовремено за таквите планирани операции.

Бернард Герц смета дека треба да дојде до промена на работа на известувачките служби,но и до проширување на можноста од војниците на Бундесверот да биде употребен друг арсенал оружје -гумени куршуми и солзавец за да постои алтернатива на боевата муниција.

И основно,мора да се бара политичко решение за покраината ,народот да се вработи,а не ситуацијата да се “гасне” само со присуство на војската:

-Војниците бараат од политичарите да делуваат и да размислат како може да се реши проблемот со Косово.Србија и Црна Гора го смета за свое,Албанците бараат независност,Европејците мора да играат клучна политичка улога во правец на европеизација на Косово,вели Герц.