1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Германското обвинителство поведе истрага за поплавите

ЖА / агенции
6 август 2021

Против функционер од регионот Арвајлер поведена е истрага под сомнение за убиство од небрежност по катастрофалните поплави со десетици жртви. Дали алармот против невремето стигнал задоцнето?

https://p.dw.com/p/3ydTO
Deutschland | Zerstörte Bahninfrastruktur im Ahrtal nach Unwetter
Фотографија: Hannes P. Albert/imago images

Државното обвинителство од Кобленц започна истрага против претседателот на округот Арвајлер, Јирген Фелер поради катастрофалните поплави од пред три недели. Против него постои почетно сомневање за убиство од небрежност и нанесување ненамерни телесни повреди преку изоставање помош, соопшти Обвинителството, а се води истрага и против уште еден член на Кризниот штаб.

Според правилата за пожар и законот за заштита од катастрофи на покраината Рајнланд-Фалц, Фелер сноси одговорност за носење одлука во вакви случаи. Членот на Кризниот штаб, според досегашните сознанија, спровел акција само делумно навремено.

-повеќе: 

По поплавите: Затаи ли системот за заштита во Германија?

Политиката во урнатините - предизборна битка или сочувство?

Колку ќе чини „поплавата на векот“ во Германија?

Поплави во Германија: „Сè е разурнато, сè снема!“

Обвинителството смета дека постоеле укажувања според кои засегнатите жители на Долината на Ар требало да бидат предупредени и пренесени на безбедно  најдоцна до 20:30 часот, уште пред почетокот на поплавата. Почетното сомнение укажува дека тоа не се случило со потребната јасност и дошло со задоцнување. Во округот Арвајлер состојба на катастрофа е објавена дури околу 23 часот, поради што од аспект на Обвинителството постои можна одговорност за дел од предизвиканите смртни случаи и повреди кај граѓаните. 

Истражните дејства започнале уште во средата, сега се запленети меѓу другото и документите и податоците на Кризниот штаб на округот Арвајлер, како и мобилните телефони на двајцата осомничени. Обвинителството и Покраинската служба за борба против криминал укажуваат на фактот дека за истрагата ќе биде потребно време, молејќи го населението за доставување дополнителни докази. 

Екстремните обилни врнежи од дожд пред три недели предизвикаа катастрофални поплави на реките во покраините Северна Рајна Вестфалија и Рајнланд-Фалц, многу области, посебно по течението на реката Ар се опустошени. Само во покраината Рајнланд-Фалц загина 141 човек, 16 сеуште се водат за исчезнати. Досега се регистрирани 766 повредени лица.

Тегобен поглед од небо на настраданите подрачја од поплавите во Германија