1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот Уставен суд пресуди – малолетници не смеат да користат солариум

19 јануари 2012

Уставниот суд во Германија денеска пресуди дека малолетниците не смеат да посетуваат солариуми, поради грижа за здравјето, поддржувајќи го законот што предизвика контроверзи во Германија.

https://p.dw.com/p/13m0x
Судот ја отфрли жалбата на стуријата и на една 17 годишна девојка, која тврдеше дека и’ се нарушени човековите праваФотографија: AP

Владата уште во 2009-та година го усвои законот, откако една студија покажа дека луѓето на возраст под 30 години имаат 75 проценти поголеми шанси да се разболат од рак на кожата поради редовното сончање. Судот ги отфрли жалбите на студијата за сончање и на една 17 годишна девојка, која тврдеше дека со законот и’ се нарушени човековите права.

Sexismus in der Werbung
Законот е донесен во 2009-та година, откако е направена загрижувачка студија за појавата на рак на кожатаФотографија: picture alliance/dpa

Во пресудата стои дека законодавството за заштита на малолетниците има за цел да превенира тие да се самоповредуваат.

Германија е една од топ пазарите за вештачко потемнување на кожата, со 3 500 студија и 50 000 солариуми, ако воопшто во таа бројка се вклучени и тие на базените, во фитнес центрите и хотелите.

Во тој сектор работат околу 32 000 луѓе, а главните производители на солариуми се сместени во Германија.

Автор: Александар Методијев / афп

Редактор: Симе Недевски