1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот социјален систем мамен од руската „нега-мафија“

Дагмар Улрих-Брајтенбах / Е.М. Фиданоска28 мај 2016

Загуби од милијарди евра, мафијашки структури и недоволно контроли: служби за нега на лица со измами извлекувале огромни суми пари од здравствените каси. Но, на тоа мора да се застане на пат преку заострени контроли.

https://p.dw.com/p/1IYu8
ltätigkeitsorganisation
Фотографија: Efim Erichman

Германското население старее забрзано, а на пазарот на услуги во сферата на здравството и негата, недостига обучен персонал. Од пред неколку години теснецот се надминуна со негуватели од Источна Европа. Тие се ангажираат стационарно или мобилно, меѓутоа контрола, особено на мобилните служби, одвај да има. Добар залак за организираниот криминал.

Според медиумски извештаи, здравствените каси годишно се во загуба од милијарди евра поради измами со пресметките на услуги на сомнителни мобилни служби за нега од Русија. Дел од случаите водат до корените на организираниот криминал во земјата. Нивната цел се луѓе кои имаат голема потреба од нега, а за кои услугите чинат илајдници евра месечно. На овој начин по пациент може да се добијат до 15.000 евра месечно.

Дупки во надзорот

Контролата на домашната нега е отежната поради дуалното правило: во Германија, покрај општото здравстѕвено осигурување, постои и осигурување во случај да биде неопходна нега. „Системот им ја олеснува работат ана криминалците“, вели Ојген Бриш, претседател на германската Фондација за заштита на пациентите. „Што се однесува до службите за нега, двете осигурувања воопшто не разменуваат инфрмации.“ Кога станува збор за мобилна нега, вообичаено има контрола на случаите каде што е неопходна долготрајна негана пациентот. Но, кај апсектите на здравствените каси работата изгледа сосема поинаку. И, токму тука работат измамниците. „Ваквиот развој не е нов. Покраините веќе извесен број години ја имаат сведено контролата на минимум.“

Работата изгледа едноставно: наместо пациентот да биде негуван нон-стоп, негувателот доаѓа, на пример, само неколку пати во денот. Освен тоа, се пресметуваат и услуги кои никогаш не се пружени. Во дел од случаите се вклучени дури и семејствата на пациентите. Мафијата ги мами со дел од профитот. Ваков вид измами има во цела Германија, но најмногу во Берлин, Саксонија и Баварија.

Криминалните организации свесно избираат пациенти каде што е лесно да се мами, вели раководителот на оддел во здравствената каса АОК во Баварија, Доминик Ширмер. Станува збор за долгогодишни измами кои имаат систем. Ширмер се залага за посторга контрола: здравствените осигурувања би требалод а добијат овластувања да смеат да ги контрлирата и мобилните негувателски услуги. И Гернот Кифер, претседател на Здружението на државни здравствени каси, смета дека тие треба да имаат овластување, наместо најавени рутински посети секои шест месеци, да можат да спроведуваат спонтани контроли. Само на тој начин може да се откријат измамниците.

Ältere Frauen mit Rollatoren aus einem Seniorenheim in Frankfurt Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Границите на ненајавените контроли

Спроведувањето на ненајавени контроли, меѓутоа, не е толку едноставно, вели ополномоштеникот на германската влада за прашања на нега, Карл-Јозеф Лауман, во интервју за Дојчландфунк. Државата има тесно поставени граници кога се работи за посети на приватни живеалишта. Оттука, постои генерален проблем поврзан со приватната сфера. Сепак, тој признава дека станало јасно оти и здравствените каси во одделни случаи би профитирале од можностите за контрола. „Ако е можна контрола во делот на осигурувањето за случај на нега, тогаш тоа би можело да се направи и во делот на нега во домашни услови.“ За во иднина да се спречат измами, Лауман се залага за посилен андзор од страна на здравствените каси и касите за нега, како и доследно кривично гонење.

На трошок на социјалната држава

Според еден доверлив извештај на Германската криминалистичка служба (БКА), за кој информираа Бајерише Рундфунк и весникот Велт ам Зонтаг, измамите на здравственото осигурување од страна на руски служби за нега се феномен присутен на ниво на цела држава, кој особено ги погаѓа групите кои имаат јазични бариери. БКА тоа не го коментираше, но еден портпарол призна дека големи финансиски штети настануваат особено кај општинските носители на социјалбни услуги, како и државните здравствени каси. Истрагата е сѐ уште во тек.