1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада ја осуди примената на сила во Косово

28 септември 2011

Германската влада изрази загриженост поради ескалацијата на протестната акција на границата меѓу Косово и Србија. На северот на Косово вчера дојде до насилство и судири меѓу српското население и војниците на КФОР.

https://p.dw.com/p/12iB1
НАТО на КосовоФотографија: dapd

Употребата на сила против војниците на НАТО-трупите е неприфатлива, изјави портпарол на германското министерство за надворешни работи во Берлин.

На северот на Косово вчера дојде до насилство и судири меѓу тамошното српско население и војниците на КФОР, при нивниот обид за отстранување на барикадите поставени од Србите. Според Бундесверот, имало истрели во правец на војниците, кои пукале над главите на демонстрантите. Повредени се осум војници на КФОР.

Причината за најновото затегнување на ситуацијата е спорот околу контролата на двата гранични премини Јариње и Брњак. Неа неодамна ја презедоа косовските и полицајците и цариниците на Еулекс, додека претходно двата гранични премини ги контролираа Србите.

Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ изјави синоќа дека Србите не планираат да ги блокираат ЕУЛЕКС и КФОР, туку косовските цариници и косовската погранична полиција.

Тој нагласи дека не може да се дозволи со насилство да се инсталира државност на северно Косово. Косовската влада остро ги осуди инцидентите на „криминалните структури“ кај Јариње.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ бета

Редактор: Горан Чутаноски