Германска поддршка за преговорите за статусот на Косово
12 јануари 2006Не случајно Сорен Јесен Петерсен неколку дена пред продолжување на преговорите за статусот на Косово во Виена се сретна со шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер - Германија е целосно заинтересирана за изнаоѓање решение. Членка е на контакт групата, го поддржува процесот на преговори, очекува тоа да се рефлектира врз стабилноста на регионот и на Косово да му се отворат европски персепктиви
“Јасна силна поддршка на преговорите за статус, поддршка за Ахтисари, за работата која јас ја вршам на Косово и надеж дека ќе дојде поместување на напред...’’ Вака Петерсен за Дојче Веле го опиша разговорот со шефот на дипломатијата Штајнмаер.
Пред новата рунда преговори во Виена и во Берлин е потврдено дека значајно место ќе има децентрализацијата. “ Каков вид локална самоуправа, каков вид локални власти и каква одговорност ќе имаат и малцинскатава на локално ниво е многу значајно и еден од патиштата кои ќе ја обезбедат иднината на Косово.Покраинските институции од Косово имаат многу идеи и предлози. Ова е децентрализација на Косово, не станува збор за поделба на Косово. Поделбата не е на агендата. Децентрализацијата не е нешто само за малцинствата, но е важна токму за нив’’ подвлече Петерсен, кој попладнево ќе има и разговор со министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле, за враќањето од Германија во покраинмата на косовските бегалци.
“Германија троши многу пари на бегалците кои се тука. Мојот став е ако имаме подобри извори, ајде да ги трошиме на Косово! Но, во моментова таму имаме проблем со капацитетите.Сакам да му помогнам на Др. Шојбле, но едновремено мора да водам сметка и за луѓето и за стабилноста на Косово. Сигурно не сакаме луѓето да се враќаат неконтролирано.Мора да бидеме сигурни дека кога ќе се вратат ќе имаат покрив над главата. Имам идеи и за нив ќе разговараме, но едновремено имам и разбирање за желбата на Германија и треба да најдеме заедничко решение - изјави за Дојче Веле Петерсен.
Додека првиот човек на УНМИК разговараше со својот домакин, пред сојузното министерство простест одржа Друштвото на загрозените народи кое реагираше на инертноста на меѓународната заедница во однос на 560 роми бегалци кои живеат во контаминираните кампови кај рудникот Трепча.