1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија притиска на преиспитување на мисијата на Косово

АТ/ дапд10 октомври 2012

На состанокот на НАТО министрите за одбрана Германија побара или зголемување на бројот на војниците на Косово или нивно прегрупирање на теренот.

https://p.dw.com/p/16NIE
Фотографија: Reuters

Или задачите на КФОР ќе бидат поинаку распределени, или мора да бидат испратени дополнителни војници: Германија сака да ги растовари трупите на Бундесверот на Косово и во рамките на НАТО се залага за промена на воениот концепт. Предлогот на германскиот министер за одбрана Томас де Мезие на средбата на ресорните министри наиде на „сестрано одобрување“, изјави претставник на НАТО денеска во Брисел.

Во моментов присуството на неопходните трупи на КФОР се обезбедува само преку речиси перманентен ангажман на резервните единици, критикуваше Де Мезие. Од тоа пред се’ се погодени Германија, Австрија и Италија, кои трипати последователно ги ангажирале резервните единици. Актуелната бројност на трупите од околу 5.500 војници плус 700 резервисти во секој случај не е доволна. „Или се потребни повеќе војници, тогаш тоа мора да се каже“. Или не, но во тој случај не смее да има долгорочен ангажам на резервните сили.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен има намера „да провери какво влијание има безбедноста состојба врз распределбата на трупите“. Како можно решение без да бидат потребни дополнителни капацитети Де Мезие иснесе дека предвид би можело да дојде прегрупирање на постоечките трупи.

Германскиот министер демонстрираше незадоволство и со редуцирање на мисијата ЕУЛЕКС на Косово. Тој однапред се изјасни: „Ако во НАТО се активираат резервите, неможе истовремено да се повлекуваат полициските сили“. Всушност во вонредни ситуации примарно би требало да делуваат косовските сили за безбедност, алтернативно полицајците на ЕУЛЕКС, и дури во нужни случаи војниците на НАТО. Во меѓувреме овој редослед е обратен, критикуваше Де Мезие. Тој се произнесе дека го загрижува и тоа што, според неговиот впечаток недоволното прифаќање на косовските сили за безбедност и мисијата на ЕУЛЕКС.