Вулф повика на справување со омразата против странците
24 декември 2011Во Германија нема место за омраза против странците, насилство и политички екстремизам, изјави Вулф осврнувајќи се со тоа на неодамна откриената серија убиства извршена од неонацистичка група од градот Цвикау, во покраината Тирингија.
„Злосторствата на извршителите опиени од расизам не‘ шокираа сите нас“, изјави Вулф. Тој притоа повика на будност и подготвеност да се дејствува за демократијата и за животот во слобода на сите луѓе во Сојузна Република Германија.
Без осврнување на аферата со приватниот кредит
Покрај тоа, Вулф ги охрабри граѓаните во поглед на европската финансиска криза. Тој, како што рече, е уверен дека ќе се успее да се најде излез од кризата. Германија останува солидарна кон Европа, порача претседателот.
Тој во своето обраќање не се осврна на критиката кон него поради земениот приватен кредит од пријател претприемач и неговите блиски врски со бизнисмени во земјата.
Вулф вчера (23.12.2011) меѓутоа, во лична изјава, изрази жалење поради неговиот однос кон целата афера и се извини поради тоа.
Автор: СН/ЕМФ/дпа/дв
Редактор : Елизабета М. Фиданоска