1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Пролет во февруари

1 март 2021

До пред десетина дена голем студ, сега пролет - во Германија за само неколку дена температурите се зголемија за цели 40 степени

https://p.dw.com/p/3q2ks
BdTD Deutschland Sonntags-Ausritt in der Ostsee
Фотографија: Daniel Reinhardt/dpa/picture alliance

Ако на средината од месецов беа регистрирани температури од дури минус 23 степени, крајот на февруари е топол, со температури од 16, 17, 18 степени. Метеоролозите предвидуваат дека високите температури за ова време од годината ќе траат до средината на неделава, а потоа доаѓа повторно студен бран од Русија. Причина повеќе во текот на викендот многумина да излезат на отворено и да уживаат во сонцето. Меѓу нив и Лена и нејзиниот коњ Смила на Балтичко Море.