1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонреден конгрес на СПД - Минтерферинг нов претседател на партијата

21 март 2004
https://p.dw.com/p/AdGe

Лошите резултати во анкетите и голем број напуштања на партијата, тоа ја одбележува во моментов сликата на СПД. Сепак, се треба да биде подобро кога на денешниот вонреден конгрес на партискиот врв треба да дојде човек кој има чувство за луѓето и слух за базата. Синоќа, по подготовителниот останок на партискиот врв за денешниот конгрес, досегашниот лидер и канцелар Герхард Шредер изјави: "Сигурно дека секоја разделба од една функција на која многу е дадено е малку болна. Но, јас сум сосема сигурен дека со Франц Минтерферинг на врвот процесот на заздравување на СПД што полека почнува, ќе биде засилен и продолжен. И за тоа многу се радувам". Веста дека Шредер се повлекува стигна на 6 февруари годинава и одекна како бомба во политички Берлин. Ниту еден од одлично информираните новинари не знаеше ништо пред тоа. Шредер соопшти: "За утре го свикав партиското раководство на СПД. Ќе му предложам на вонреден конгрес во текот на март да го избере Франц Минтерферинг за претседател на партијата. Јас ќе се концентрирам врз мојата работа како сојузен канцелар и шеф на владата што не е поврзано само со напредувањето на процесот на реформите, туку секако и со цела низа меѓународни обврски кои бараат многу време".

Претседателството се согласи со предлогот на Шредер. Така денеска на само седумчасовен вонреден конгрес ќе уследи смената. Покрај Минтерферинг како шеф на партијата, Клаус Уве Бенетер треба да биде избран за нов генерален секретар и ќе го замени досегашниот Олаф Шолц. Никогаш досега во историјата на Сојузната република еден сојузен канцелар не ја предал функцијата партиски претседател за време на владеењето. Шредер се наоѓа на врвот на СПД од март 1999 година, сега се чини дека е принуден на драматично повлекување откако реформската политика во минатите години ја чинеше партијата се повеќе несогласност. Десетици илјади членови ја напуштија СПД, а во анкетите падна под 30 насто. Тврдите намалувања во социјалната политика и на пазарот за работа го погодија во центарот социјалдемократското милје. Сето тоа сега Франц Минтерферинг треба подобро да го објасни. Нему во секој случај му е полесно да зборува за чувствата во партијата: "Недвосмислено и без сомневање кон разбирањето на партијата припаѓа и тоа дека солидарноста, слободата и праведноста се нашите главни координати. За тоа не може да се зборува секој ден, ниту може да се најде во секој конкретен закон". 64-годишниот поранешен сојузен министер добро се согласува со базата. Тој важи за лојален следбеник на Шредер и по соопштувањето на Шредер дека се повлекува постојано јасно изјавуваше: реформскиот курс ќе продолжи. Сепак, изборот на Минтерферинг не донесе некоја широка еуфорија. Во сето тоа и најавата на блиските членови на партијата до синдикатот дека имаат намера да формираат нова партија лево од СПД. Така конгресот ќе се одржува во лоша атмосфера кога резултатите од анкетите се лоши, партијата ја напуштаат многумина членови, згора и закана за нова лева партија. Освен за изборот 525-те делегати ќе се занимаваат со уште две прашања што треба да го поддржат реформскиот курс. Дали новиот дует ќе може да заврти нова страница, останува да се види. Ќе биде многу постигнато ако овој вонреден конгрес успее да ја ублажи големата партиска депресија.