1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воз ни за лек!

Фолкер Вагенер/ Феликс Штајнер Превод А.Трајковска6 ноември 2014

На други места вечно се чека на пероните. Германците се нервозни ако возот доцни пет минути. Сега четири денови нема возови. Дали штрајкот на машиновозачите е целисходен прашуват Фолкер Вагенер и Феликс Штајнер?

https://p.dw.com/p/1DiMv
Фотографија: picture-alliance/dpa/L. Schulze

Германија и нејзината железница, тоа е тема за себе. За постарите тоа беа моделите - железници: да се постави локомотивата на шините, да се одредат свртниците, и со сопствена рака да се управуваа низ светот на Лилипутанците - така во секој маж се буди детето, кој конечно може целиот свет да го формира според сопствени правила.

Страста за светот на возовите во минијатурен облик беше суштина на повоената генерација германски мажи. За помладите пак тоа беа јунаците од светот на железниците, како во детските книги и сликовници. Накратко: Беспрекорен железнички сообраќај за нас Германците спаѓа така да се каже во нашето основно подрачје на делување.

Германската железница е доверлива

Има причина зошто до денес се сеќаваме на точноста на возовите, иако тоа веќе одамна е легенда. Железницата беше доверлива и нејзините државни службеници, кондуктерите и железничарите во униформа имаа нешто авторитативно.

Ленин наводно за Германците кажал дека дури ни револуционерите нема да си дозволат да окупират железничка станица, ако претходно уредно не го поништат билетот. Да се разбере Германија значи да се познава и односот на Германците кон нивната железница. Штрајк, воедно и најдолгиот во историјата на германски железници затоа е вонредна состојба. Значи, испаѓање од колосек.

Испаѓање од колосек за кое Германците речиси да немаат разбирање. Не е ни чудо, оти во овој тарифен конфликт меѓу рабодотавецот Дојче бан и синдикатот на машиновозачите ГДЛ одамна не станува збор за платите или работните услови на машиновозачите. Германците инаку чувствителни на социјални прашања, во таков случај би биле и солидарни.

Deutsche Welle Volker Wagener Deutschland Chefredaktion REGIONEN
Фолкер ВагенерФотографија: DW

Не, овде единствено се работи за борба за власт меѓу различни синдикати. Малиот синдикат на германските мажиновозачи, кој брои 34.000 членови сака да го прошири своето влијание и да почне да ги застапува и другите групи вработени. Тој притоа ги зема како заложници целото германско општество и претпријатијата кои зависат од навремениот транспорт на стоки. Тоа предизвикува негодување - особено што се случува по шести пат во само неколку месеци.

Германија како зона без штрајк

Од друга страна, што воопшто значи „најдолгиот штрајк во историјата на Дојче бан“? Зборуваме за четири денови! Целата возбуда на социјалните мрежи на интернет и по насловите во медиумите каде се зборува за „хаос“ и „блокирана Германија“ единствено може да се објаснат со фактот, дека штрајковите во оваа земја се ретки како снег среде лето. Германија е поим за земја „сиромашна“ со штрајкови. Во Европа дивее борба за работничките права, пред сѐ во Грција, Италија, Франција, Шпанија, и тоа особено по глобалната финансиска криза во 2008 година. Во Англија 1970-те години беа ера на постојана работничка борба.

Германија е напротив пример за социјален баланс. Компромисот воглавно се постигнува и дури пред синдикатот да се одлучи за штрајк како последно средство. Во вакви околности да се говори дека штрајкот на машновозачите довел до работ на хаос едноставно кажано е параноидно. Дури и во оваа работничка борба правилата се јасни: навремено најавување и обезбедување на минимално функционирање на редот на возење. Иако поголемиот број од возовите сега стојата на споредните колосеци, сето би требало да се гледа во вистинските размери: навистина четири денови без железнички сообраќај лутат, но тоа не е трагедија. Оној кој итно мора да отпатува, тој во земја со околу 80 милиони жители и речиси 44 милиони регистрирани автомобили би требало да може да најде алтернатива.

Deutsche Welle Felix Steiner
Феликс ШтајнерФотографија: DW/M.Müller

Синдикат како поим за непријател

Актуелниот спор на германски железници и синдикатот на машиновозачите ќе се реши, како што се решија сите други пред него. Прва варијанта: во еден момент на железницата ќе и стане преголем губитокот поради штрајкот и ќе попушти пред барањата. Втора варијанта: синдикатот ќе попушти оти нивната каса за штрајкот ќе се испразни или затоа што ќе ги загубат симпатиите во јавноста. Прашањето е што ќе се случи прво. Во овој момент повеќе изгледи има втората варијата, оти поддршка од јавноста практично воопшто нема. Водачот на синдикатот на машиновозачите Клаус Веселски точно на јубилејните „25 години од падот на Ѕидот“ се стилизира во заедничко германска непријателска слика. Дали источно Германецот Веселски може да поднесе толку многу единство?