1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан- конференција за борба против дрогата

9 февруари 2004
https://p.dw.com/p/Af1h
Во Авганистан,кој важи како најголем светски произведувач на опиум,вчера и денеска се одржува меѓународна конференција за борба против производството,трговијата и употребата на дрога.На неа учествуваат освен претставниците на авганистанската влада и меѓународни организации како и бројни експерти од повеќе земји.На конференцијата не се само што се дискутира за стратегиите против дрогата,туку на дневен ред е и усвојување на конкретни планови.Дрогата претставува пречка за мировниот процес и за економскиот развој на Авганистан.Производствтоо на опиум во меѓувреме изнесува околу пловина од бруто внатрешниот производ на земјата. По улиците на Кундус поминуваат велосипеди,ретки возила,камили и магариња,ова е место низ кое се врши транспорт на стотици килограми опиум,со потекло од североисточната провинција Бадакшан,каде традиционално се одгледува афион,вели Адам Булукос од Бирото на ОН за борба против дрогата: -Од Авганистан потекнува 75 до 80 проценти од светското производство на опиум,кој потоа се преработува во хероин.Само во Бадакшан минатата година површните под афион се проширени за 55 проценти. Тлото овде е многу плодно,заклучува земјоделскиот стручњак од ОН Кен Хенингс: -Се расте овде,пченица и памук,ориз,компири,но за жал особено добро успева афионот. Со него селаните заработуваат најмногу-килограм опиум им носи 400 евра.Но,дрогата значи и друго: -Производството на опиум го погребува мировниот процес,значи црни пари и отвора пат за нови грижи,вели Булукос. Тешко е да се застане на патот на сево ова.Британските војници од составот на ИСАФ се обидоа да го решат проблемот,но неуспешно.На селаните им плаќаа за согласноста наместо афион да садат други земјоделски култури.Резултатот-со компензацијата тие засеаја уште повеќе афион. -Селаните често се присилени да го прават тоа од шверцерите со дрога,кај кои имаат и долгови.Шверцерите често се сопственици на земјата.Овде не станува збор за картели како во Латинска Америка,туку за мали,регионални структури во етничките заедници.Таџиките тргуваат со Таџики,Паштуните со Паштуни.Но сите имаат лаборатории за хероин и се вооружени за да ги заштитат своиет инвестиции,вели Булукос. И локалните водачи,т.н. команданти или "лордови на војната" се замешани,вели тој,без да наведува имиња. Но,името на еден од нив се почесто се споменува во германските весници,генералот Мохамед Дауд,кој и покрај своите 33 години ,е воен гувернер на провинцијата Кундус и под себе има 30 илјади вооружени луѓе. -Јас сум првиот кој сака да ги уништи полињата со афион.Сум чул дека некои команданти се замешани во трговијата со дрога,но јас не сум во нив.Во спротивност,јас ветувам дека доколку добијам поддршка од Германија,ќе водам борба против дрогата,вели Дауд. Тој тоа му го соопшти и на министерот за одбрана на Германија Петер Штрук,но тој го одби. Како може да биде замешан во вакви работи,прашува Дауд,кога Коранот е против?