1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владо Бучковски најпопуларен во базата на СДСМ

21 ноември 2004

Министерот за одбрана Владо Бучковски е најпопуларен во базата на СДСМ. Од 104 општински организации 102 му дале поддршка да биде новиот партиски лидер. Во 60 организации се определиле за потпретседателката на владата во оставка Радмила Шеќеринска и министерот Илинка Митрева. А потоа следуваат Министерот Никола Поповски и пратеникот Тито Петковски.

https://p.dw.com/p/Ad13

Во текот на нередните два дена пртетседателството на СДСМ ќе определи дали на конгресот на 25 овој месец да се оди со двајца кандидати и кој од фаворитската тројка, Бучковски, Шеќеринска Митрева би можел да биде и нов премиер на македонската влада.

Мало изненадување во скопските партиски оргазнизации е номинацијата на Игор Ивановски, пратеник и специјален советник на претседателот Бранко Црвенковски. Партиските раководства на владината коалиција во понеделник и вторник ќе ја разгледуваат можната распределба на министерскиот состав. Според извори од кабинетот на претседателот, на средбата со Црвенковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, се пожалил на тврдиот став и отпорот кај министерот Никола Поповски за приемот на албанците во јавниот сектор. Ахмети барал Поповски и Петковски да не бидат премиери поради антиалбанското расположение. Партискиот фракционер во СДСМ Тито Петковски и покрај недоволната поддршка од парттиската база на ЦО ќе побара и тој да биде кандаидат за лидер на партијата. Овие информации слеуваат по денешната неформална средба на потесниот партиски врв на СДСМ и завршената кандидатура во општинските организцации за иден лидер на оваа партија.