1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владимир Путин - политички портрет

12 март 2004
https://p.dw.com/p/AdH3
За многумина тој е цар на 21 век. Владимир Путин сета власт ја префрли во претседателскиот кабинет. Непосредно пред неговиот втор мандат владее авторитарно. Кремљ подолго време ги конторлира сите функции во државата, сите институции и големи подрачја од општествениот живот. Кој е човекот кој концентрираше толку моќ во своите раце?
Изборите в недела одамна не се толку спектакуларни колку изненадувачкото доаѓање на новиот руски претседател при промената на годините 1999 кон 2000 - та. Претседателот Елцин го прогласи за свој наследник шефот на тајната служба и премиер Владимир Путин. Од безимен за само четири месеци тој стана звезда - неговиот проценти на популарност од два пораснаа на 40. Така, уште пред претседателските избори тој ги остава далеку зад себе сите конкуренти. На изборите на 26 март 2000-та тој во првиот круг освои 52,9 насто. Впечатлива победа за кандидат кој пред август 1998 година никогаш не настапи како политичар.
По студиите на правниот факултет, работеше во советската тајна служба КГБ и од 1985 до 1990 беше стациониран како агент во тогашната ГДР. По распадот на Советскиот сојуз, Путин работеше кај реформаторот Анатолиј Собчак во градското собрание на Санкт Петерсбург. Потоа во Москва за три години од службеник во Кремљ преку водењето на тајната служба ФСБ, стигна до функцијата премиер. Но, зошто токму тој од политички аут стигна до највисоката руска позиција во државата?
Најнапред, тогаш 47-годишниот Путин беше избран кандидат на политичките и економските влијателни групации околу Елцин, во таканереченото "семејство". Од него бараа да им вети само едно: да не допира во нивните политички и економски интереси. Чисто надворешно, Путин беше совршена спротивност на болниот и ослабен Елцин. Путин беше млад, спортист, и беше здрав што му го олесни пробивот. Вториот дел од успешниот рецепт го направи скапата имиџ-кампања платена од бизнис групите верни на Кремљ. Беа организирани "путинови диско вечери" во руската провинција во која беше воена и про- путин изборна кампања. Во сегашната изборна битка такво нешто воопшто не е потребно: одамна медиумите се на иста линија, околу 60 функционери во неговиот медиумски штаб се грижат за доброто рекламирање на претседателот. Путин е присутен на сите канали. Околу него се создаде култ на личноста со скоро советски квалитет. Тој култ меѓу руското население наидува на возвратна љубов: една анкета покажува дека само 13 насто посакуваат силни демократски институции, но затоа 71 насто сакаат силен лидер и 59 насто силна држава. На претстојните избори Путин може да смета дури на 80 насто гласови. Анкетите ја оправдуваат неговата политика: се уште две третини од Русите сметаат дека Путин како претседател постигна повеќе успеси отколку неуспеси и дека не им оставил никаков повод за разочарување. Запрашан за неговата политичка програма Путин го избегна директниот договор и пред 4 години, а и сега избегнува телевизиски дебати со своите конкуренти. Тој настапува пред се со успесите во економскиот пораст. Така, во говорот пред членовите на владата пренесуван од телевизијата тој изјави:
"Со задоволство може да се каже дека целите што си ги поставивме се реализирани. Се појасно се покажува посебно дека една цел - удвојувањето на брутонационалниот производ во рамките на десет години - е остварена. И сакам посебно да ви укажам дека тоа темпо не смее да се забави".
Во неговиот прв мандат на Путин му успеа натаму да го усоврши неговиот имиџ на политички чист човек кој води со цврста рака. Во извесна смисла тој е кандидат за секого: комунистисте сметаат дека е патриот; на националистите им се допаѓа неговата политика кон Чеченија; левицата ја убедува со враќањето кон советските ритуали и традиции, а економските реформатотори и пазарни економисти преку борбата против корупцијата - исто така важна тема во неговата кампања за овие избори:
"Главните проблеми во подрачјето на корупцијата се правото на стан, правото на пензија и миграција. Во последните години државното обвинителство се занимаваше со стотици илјади случаи од таков вид. Врз основа на важечките закони истрагата против корупцијата мора да се води професионално и ефикасно".
За политичкиот систем одбележан од Путин можат да се употребат различни имиња. Станува збор за псевдодемократија, односно за "диктатура на законите", поим што го употребува самиот Путин. Од работлив технократ и агент се изгради претседател со авторитарни особини. Она што се уште го разликува од советската диктатура е поред се недостигот на обединувачка државна идеологија.