Кнежевскиот дворец во Вирцбург, Германија, бил изграден меѓу 1720 г. и 1744 г. Највеличествени простории се скалиштето, капелата и големиот салон. Наполеон Бонапарта дворецот го нарекол „најубавиот владички дом во Европа“. Дворецот бил многу оштетен во Втората светска војна. Во 1981 г. е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.