1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бусек: ”Поделба на Косово не смее да се случи"

29 септември 2004

Балканот е Европа и имаме одговорност да го довршиме она што конечно и ние го почнавме, вели координаторот на Пактот за стабилност на ЈИЕ, Ерхард Бусек во интервју за Дојландфунк. Тој смета дека актуелната дискусија околу приклучување на Турција во унијата, на Балканот делува малку збунувачки, зашто во регионот владее мислење дека со Турција Балканот ќе биде заборавен. Тоа би била грешка, нагласува Бусек, к

https://p.dw.com/p/Ad49

ој во поглемиот дел од интервјуто зборува за Косово, неговиот статус и децентрализацијата во покраината.

”Претпоставувам дека има Срби кои се стремат кон децентрализација како решение за провинцијата. Но, мислам дека македонскиот пример со остварувањето на Охридскиот договор тука би можел да биде добар пример. Сигурни нема да биде копиран и тука ќе има несомнено поинакви форми, но автономијата се чини е решение зашто се друго би довело до поделба на Косово. Тоа значи ќе се отвори Пандорината кутија, по што би почнало нишање на сите можни граници. Немирот што потоа би го зафатил регионот е лесно да се претпостави“ вели Ерхард Бусек, кој смета дека етничката поделба не е решение за покраината:

”Етничко разграничување, со оглед на ситуацијата на Косово е тешко, зашто Србите не се концентрирани во еден дел, туку се застапени во сите места. Овие Срби мора да бидат заштитени, зашто се друго би било етничко чистење,кое не смее да се случи.”

Дали Бусек има разбирање за растечкото нетрпение во меѓународната заедница за решавање на статусот на покраината?

‘Мора да калкулираме со тоа дека ситуацијата на Косово чинеше многу пари и персонал. Имаме и други кризни региони, во рамки на НАТО, ангажирани сме во Завганистан и чекаме што ќе се случи во Ирак. Затоа сигурно не треба да се стави крај, но мора да се наѕира стратегија како да дејствуваме соодветно. Тука, екстремно се залагам за европеизација во Косово, но и во Босна Херцеговина. Тука одговорноста мора да ја преземеме ние ,Европејците.”

На прашањето како би изгледала иднината на Косово – независност, провинција под капата на Белград или дури поделба на албански и српски дел, Бусек категоричен:

”Последното сосема би го отфрлил, зашто тоа доведува до дискусии за територии. Имаме Албанци во Македонија, кои потоа преку ваков пример, би дошле на некакви идеи и сеуште ја немаме интеграцијата на Босна и Херцеговина. Тоа би била поддршка на состојба која во стварноста не е одржлива. Мора да се трага некаде меѓу независност и определена федерација. Тука е потребна меѓународно-правна фантазија. Проблемот мора да биде решен така да различните етнички групи живеат заедно, да опстојуваат економски и социјално и да биде мирно.”