1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот го продолжи мандатот на Бундесверот на Косово

2 јуни 2006

Бундестагот вчера со големо мнозинство од 516 гласови го продолжи мандатот на војнициите на Бундесверот на Косово, само левичарската партија гласаше против.

https://p.dw.com/p/AdWI
Бундестаг
БундестагФотографија: AP

Иако во моментов е мирно на Блаканот целосно се уште не се надминати недоразбирањата. Затоа големо мнозинство од прстениците во германскиот Бундестаг се согласни, дека во рамките на меѓународните единици на Косово потребно е и присуството на Бундесверот. За Косово една година, колку што сега е продолжен мандатот на германските трупи, би можела да игра голема улога. Имено во моментов ОН се обидуваат да го решат идниот статус на покраината. Советот за безбедност претходно се изјасни дека Косово мора да биде зачувано како единка и дека не смее на пример да се спои со Албанија. Државниот секретар Гернот Ерлер, вториот човек после министерот за надворешни работи Штајнмаер дополнува: „Покрај ова секое решение за статусот треба да ги исполнува следниве критериуми: да се респектира вољата на народот, потребата за заштита на малцинствата целосно да се обезбеди како и да се зголеми стабилноста на целиот регион.“

Токму што се однесува до заштитата на српскиот народ на Косово сеуште постојат дефицити смета и пратеничката од редовите на зелените Марилуис Бек „Навистина да се води политика за малцинствата, која навистина ќе ги штити малцинствата и да се изгради казнено правниот систем, кој навистина е правна држава. Хјуман Рајтс Воч заклучи дека воопшто не се разгледуваат случаите на злоупотреби кои во голема мерка пред се случија во 2004 година.“

Зелените и либералите заедно со големата коалиција гласаа за продолжување на мандатот, како единствена опозциона партија замо левичарската гласаше со НЕ. Тие уште во 1999 година беа против ангажманот на НАТО на Косово. Во актулената дебата Паул Шефер од левичарската партија потсети на поранешниот министер за надворешни работи Јошка Фишер: „ Лошиот збор „Србите да се натераат да клекнат на коленици“ тоа беше сојузен германски министер за надворешни работи, овие зборови сеуште ми ѕвонат во ушите. Сметам дека е време, сега да им помогнем на Србите повторно да застанат на нозе.“

И говорниците од другите партии укажаа на тоа дека за Косово мора да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Во нивните префрлувањата кон мнозинството на Бундестагот и воопшто кон западот за Косово да се бараат сосема нови патишта отколку за Босна и Херцеговина, како и за барања Бундесверот да се повлече од Косово, претениците на левичарската партија во Бундестагот беа соема сами „Сега да се повлечеме значи, енклавите да им се препушти на оние кои извршуваат насилства. Тоа би било неодговорно“ рече Винфрид Нахтвај од редовите на Зелените.