1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот останува на северот на Авганистан

29 август 2006

Германската влада ја демантира информацијата дека војниците на Бундесверот ќе бидат префрлени од мирниот северен, во конфликтниот јужен дел на земјата. Продолжувањето на мандатот на мисијата е на дневен ред во парламентот во октомври. Владата стравува дека пратениците може да го проблематизираат гласањето поради лошата ситуација во Авганистан.

https://p.dw.com/p/AdUL
Војници на Бундесверот во Авганистан
Војници на Бундесверот во АвганистанФотографија: AP

Германија не планира да ги испрати своите војници на југот на Авганистан, од каде постојано се јавува за нови борби и инциденти. Владиниот портпарол Томас Штег појасни, дека како прво нема такво барање, а како второ не би имало парламентарно мнозинство кое би одобрило таква акција. Штег е категоричен дека германските војници во составот на ИСАФ остануваа на северот на Авганистан.

Германските војнци пред три месеци ја преземаа контролата врз северниот дел на Авганистан. Поголемиот дел од 2800 војници кои беа во Кабул се префрлија во северниот град Мазар и Шариф. И министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг, за телевизискиот канал

Н 24 часа, изјави дека не би сакал тоа да се промени:

„Имавме задача да ги стационираме единиците на северот и таму да дејствуваме. Поконкретно во Мазар и Шариф, Кундус и Фаисбад. И тоа не е променето“.

Од друга страна во еден извештај на германското министерство за одбрана од минатиот септември стои дека германските војници треба да бидат во можност да изведуваат операции на ИСАФ и во другио региони, но и тоа е ограничено бидејќи и во ваков случај информација за акцијата мора да биде доставена до Бундестагот.

Германскиот парламент во октомври повторно ќе расправа за продолжување на мисијата на Бундесверот во Авганистан. Весникот „Шпигел“ пишува дека пратениците може да и создадат главоболки на владата и да го проблематизираат продолжувањето на мисијата, бидејќи се загрижени за безбедноста на војниците. Од почетокот на мисијата до сега во Авганистан загинале 18 германски војници, од кои шест се жртви на терористички напади.