Брет:„Идеално би било решение на проблемот со името до самитот на НАТО“
12 февруари 2008Германскиот амбасадор во Македонија, Ралф Андреас Брет не ја исклучува можноста пристапувањето на Македонија во НАТО да биде блокирано од страна на Грција. На прашањето дали Германија како членка на НАТО ќе го даде својот глас и Македонија да и‘ пристапи на алијансата, германскиот амбасадор одговара дека сеуште не е донесена официјална одлука на владата во Берлин, но дека од сето што досега го слушнал, Германија, ако не се случи нешто непредвидено, ќе го поддржи пристапувањето на Македонија во НАТО.
Според германскиот дипломат, би било идеално доколку спорот со Грција околу името би бил решен билатерално до самитот на алијансата во Букурешт. Брет вели дека не може да исклучи можност оти Грција би можела да стави вето на приемот за Македонија во НАТО. „Ние поддржуваме консензус во овој спор, нп не можеме да го испорачаме решението“, изјави Брет за Дојче Веле.