1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Боснизација“ на Косово

24 октомври 2005

Состојбата на Косово , воочи одлуката за отпочување на преговорите за наговиот статус и стравувањата од ширењето на птичјиот грип се дел од темите во коментарите на германските весници . Издвојуваме некои цитати:

https://p.dw.com/p/AeBw
Бајрам Косуми-Дали ќе биде задоволен со условна независност
Бајрам Косуми-Дали ќе биде задоволен со условна независностФотографија: AP

Воочи извесниот почеток на преговорите за статусот на Косово , весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг се осврнува на ситуацијата во покраината. Според коментаторот на овој весник , предлозите на специјалниот пратеник на ОН за проценка на стандардите , Кај Ејде одат во правец на тоа од протекторат на ОН , Косово да се претвори во протекторат на Европската Унија.

Со други зборови ќе следува „боснизација“ на Косово – смета коментаторот и дополнува:

Исто како и во Босна и Херцеговина , каде што е тешко Хрватите и Србите да бидат одвратени од тоа да се ориентираат секој кон својата матична држава , и на Косово ќе биде подеднакво тешко со Србите и Албанците. Веќе и формулата стандарди пред статус , пропадна на тоа , бидејќи секоја од двете страни ги сфаќаше , слободата, правото и демократијата како довршување на своето паралелно општество на сметка на оној другиот.

Протекторатот на ЕУ , кој има за цел ограничена независност, привремено нема да промени ништо во целата работа.

Србија која го застапува српското малцинство на Косово , ќе се согласи на придвижување во таа насока , само доколку и биде дадена понуда која би била толку многу атрактивна за едноставно да се надомести “губењето“ на Косово. Со тоа Владата во Белград мора да се помири , кога се впушти во преговорите за Косово.

Сеуште не се знае имено само цената која ќе ја побара , но во секој случај ќе ја плати Европската Унија“- нагласува коментаторот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Германските весници денеска како и во изминативе неколку недели во фокусот го држат и прашањето на појавата и проширувањето на птичјиот грип и во Европа:

Според коментаторот во „Нордвест Цајтунг“ од Олденбург , надежите дека опасноста брзо би можела да мине, се нереални:

„ По селидбата на птиците од север на југ во подрачјето на Средоземјето каде што тие презимуваат расте и опасноста за средба меѓу здравите и заразените животни. Најдоцна на пролет ,кога тие ќе се вратат во средна Европа , повторно треба да се биде многу претпазлив. Со таа опасност треба да се живее“ – предупредува авторот на коментарот во весникот „Нордвест Цајтунг“

Од другастрана неговиот колега во весникот „Мајн Пост“ од Вирцбург, пак смета дека е дојдено време на хипондри:

„Луѓе здрави како дрен , кои досега никогаш не се вакцинирале против грип , стравуваат за својот живот бидејќи нема доволно вакцини. Подбуцнати од изгледите дека птичјиот грип би можел да се проишири во целиот свет и оти би можел да однесе милиони животи , овие луѓе живеат во паника. Преголемата побарувачка за серумот , може како последица да го има тоо , вакцината да не ја добијат оние на кои им е навистина потребна- постарите и послабите . Во тоа лежи поголемата опасност , бидејќи од нромалниот грип само во Германија годишно умираат меѓу 15 и 20 илјади луѓе“ - предупредува коментаторот во весникот Мајн Пост.