1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Босанците бесни по коментарите на Макрон

БГ /АП
8 ноември 2019

Босанските политичари изразија големо незадоволство од забелешките на францускиот претседател Емануел Макрон кој ја опиша нивната земја како „темпирана бомба“ во интервју за Економист.

https://p.dw.com/p/3Sgbu
Frankreich Paris | Emmanuel Macron
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/T. Padilla

Водечките политичари во Босна и Херцеговина се бесни на оценките на францускиот претседател Макрон кој ја опиша нивната земја како „темпирана бомба“ и најголем проблем за Европа поради „џихадисти повратници“.
Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ најави дека ќе го повика францускиот амбасадор да ги објасни коментарите на Макрон во интервјуто за магазинот Економист
Запрашан од новинарите зошто го блокирал почетокот на преговорите со С. Македонија и Албанија на самитот на ЕУ во Брисел, Макрон објасни дека ниту една од тие две земји не е примарна.
„Доколку сте загрижени за регионот, првото прашање не се ни Македонија или Албанија, туку Босна и Херцеговина. Темпираната бомба која отчукува на границата со Хрватска и која се соочува со џихадисти повратници е Босна и Херцеговина“, рече Макрон. 
Француското Министерство за надворешни работи не одговори на реакциите кои изјавите на Макрон ги предизвикаа во БиХ.
Портпарол на босанската Исламска заедница, Мухамед Јусиќ ги опиша коментарите на Макрон како „скандалозни“, и оцени дека францускиот претседател ја клевети Босна за да го оправда спречувањето на балканските држави со „значително муслиманско население“ да си ги остварат аспирациите за членство во ЕУ.
„Околу 300 босански граѓани, повеќе жени и деца, заминаа на воените полиња во Сирија и Ирак, во споредба со преку 1.900 француски“, вели Јусиќ.
„Овие денови Франција очекува враќање на 450 џихадисти. Не гледам како е тоа поголем проблем за Босна одошто за Франција“, се прашува тој.