1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борис Тадиќ, децентрализацијата клуч за разговорите за статусот на Косово

7 октомври 2005

Српскиот претседател Борис Тадиќ смета дека разговорите за идниот статус на Косово треба да започнат откако ќе биде постигнат одреден напредок, посебно во процесот на децентрализацијата. Ваквиот став Тадиќ му го пренел на шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен со кого синоќа во Белград разговараше за актуелната состојба во покраината. Еден од проблемите е и судбината на исчезнатите

https://p.dw.com/p/Ach7
Борис Тадиќ
Борис ТадиќФотографија: APTN

Децентрализацијата и прашањата на раселените се едни од клучните прашања на кои српската и албанската страна треба забрзано да работат, пред почетокот на преговорите на Косово. Борис Тадиќ и Сорен Јесен Петерсен се сретнаа во Белград само ден по изјавата на генералниот секретар на ОН Кофи Анан, кој задоволен од извештајот на преставникот Каи Еиде најави дека најверојатно ќе препорача почеток на разговори за идниот статус на покраината.

Српскиот претседател и шефот на УНМИК разговарале за начините на претстојните преговори и актуелната состојба која владее на теренот. Тадиќ инсистирал поголемо внимание да се обрне кон разговорите на релација Белград Приштина за процесот на децентрализацијата, со оглед на според него тешката состојба во која живеат косовските срби.

Во меѓувреме во Белград по трет пат беше одржана средба на работната група за исчезнати на Косово. Судбината на исчезнатите е еден од проблемите од чие решавање во голема мерка ќе зависи текот на ртазговорите меѓу двет страни. Претседателот на групата Франсоа Штам по средбата изјави дека не располага со доволни информации за киднапираните и исчезнатите бидејќи и двете страни, српската и албанската не даваат доволно информации. Симо Сплаиќ, претседател на здружението на исчезнатите срби вели дека има уште најмалку 800 нерасчистени случаи. Тој се закани дека неговото здружение ќе ја напушти работата на групата доколку истата сериозно не го спроведува она за што е формирана:

„ Веќе не знаеме што да правиме, ги поднесовме нашите барања, баравме одговорност од меѓународната заедница, генералот на КФОР, дфадовме имиња на 300 киднапери, но досега ниту еден од нив не е уапсен ниту одведен во Хаг. Им предадодме запечатени писма на УМНИК, КФОР и Карла Дел Понте„

Главниот хашки обвинител синоќа во Лондон изјави дека сеуште не знае каде се наоѓа поранешниот лидер на босанските србио Радован Караџиќ, но изрази надеж дека до крајот на годинава во Хаг ќе се најде Ратко Младиќ, за кого верува дека се крие во Србија.