1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба против џихадот и сексуалното насилство

Клеменс Веренкоте / Ивана Стојкова27 септември 2014

Многу жени во Сирија и Ирак станаа жртви на „Исламската држава“. Пропагандата се врти и околу сексуалните фантазии за моќ. Многу курдски жени учат како да користат оружје за да му се спротивстават на исламскиот терор.

https://p.dw.com/p/1DJH7
Фотографија: Reuters/Ahmed Jadallah

За Хузан Махмуд, портпаролката на „Организацијата за слобода на жените во Ирак“ едно е јасно: името на групата „Исламска држава“ (ИД) засекогаш е врзано со убиства, силувања и киднапирања на жени и девојки, кои подоцна се продаваат како робинки на џихадистите. Курдската Ирачанка со членовите на нејзината организација ги следи злосторствата што терористите им ги прават на жените:

„Одат по куќите кај семејствата во кои има млади девојки, а според мене и деца. Ги женат за џихадисти и тоа го нарекуваат ’никах’ (исламски брак), што всушност не е ништо помалку од злоупотреба на деца. Тоа е се разбира е кршење на правата на децата и луѓето“.

Flüchtlinge Syrien Türkei Kurden Grenze zur Türkei
Жени во бегство од налетот на Исламската државаФотографија: Reuters/Stringer

Поголемиот дел на пропагандата на ИД се врти околу сексуалното насилство, покажуваат резултатите од следењето на состојбите од страна на ирачките жени-активистки. Исламската држава им ветува на своите припадници 72 девици на небото и сексуален џихад на земјата, при што жените мора да им бидат на располагање за сексуални услуги на борците. Со оваа проценка се согласува и раководителката на канцеларијата за Блискиот Исток во вашингтонскиот центар „Вилсион“, Хелех Есфандиара. Таа се обиде со нејзината статија во „Волстрит журнал“ да го сврти вниманието кон насилниот однос на ИД кон жените и девојките. Џихадистите од Исламската држава се насилници, вели таа за американската медиумска куќа MSNBC: „Многу од нив се буквално деца“. Неверојатно е што се’ им прават на жените припадниците на ИД.

Galerie - Kurdistan weibliche Peschmerga
Во последните недели бројни жени им се приклучија на курдските пешмерга борциФотографија: Getty Images/S. Hamed

„Постојат безброј примери на такви злосторства кои им се нанесуваат на жените“, нагласува Есфандиара. „На пример, случајот во Сирија: џихадистите одведоа една мажена жена и бараа огромна сума на пари за нејзино ослободување. Сопругот им плати 30.000 долари, што во светски размери е огромна сума на пари и на тој начин си ја врати сопругата дома. Но, таа му кажа дека била силована стотина пати. Повторувам: стотина пати. И сега е дури бремена“.

По злосторствата од страна на припадниците на организацијата ИД над језидите, курдските пешмерги на северот на Ирак пред неколку недели забележаа значителен прилив на нови жени во нивните редови. Според проценката, таму терористите грабнале илјадници жени и деца од језитското население.

Во ирачкиот град Сулејманија, околу 180 километри југоисточно од Ербил, младите жени учат како да расклопат и состават пиштол. Командантката на женското здружение на пешмергите Фаиза Азиз Факих вели: „Случувањата во Синара и нападите врз жените влијаеја многу врз Курдките. Прво дојдоа кај нас десет жени, потоа дваесет. Жените говореа за стравувањата и нагласуваа дека поради тоа сакаат да научат како да управуваат со оружје, во случај да треба да се одбранат“.

Galerie - Kurdistan weibliche Peschmerga
Поради стравот низ кој минуваат, жените сакаат да научат како да користат оружје за да можат да се одбранатФотографија: AFP/Getty Images/S. Hamed

По обуката, младите курдски жени-војници се селат на бојното поле, кое моментално се протега југозападно од Ербил, вели командантката Нахида Ахмед Рашид: „Нашите жени-војници не се плашат од припадниците на ’Исламската држава’. Тие се војници на пешмергите, кои научија да користат лесно и тешко оружје и сакаат да одат на бојното поле“.