1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блер во Авганистан

20 ноември 2006

Британскиот премиер Тони Блер утринава пристигна во јужниот дел на Авганистан во посета на британските војници стационирани во овој проблематичен регион. Претходно тој беше во Пакистан каде на разговорите со претседателот Первез Мушараф договори посилна соработка во борбата против тероризмот

https://p.dw.com/p/AcSw
Тони Блер
Тони БлерФотографија: AP

Тони Блер по пристигнувањето во кампот Бастион, во јужен Авганистан им одаде признание на војниците кои со својата храброст се справуваат со опасностите во јужниот дел, кој важи за силно упориште на талибанските бунтовници. Во овој регион се стационирани 6000 британски војници. Тони Блер во Авганистан допатува од Пакистан каде на разговорите со претседателот Первез Мушараф беше постигната согласност дека мирот во Авганистан е од клучно значење.

„ На самитот на НАТО во Рига за десет денови ќе биде анализирано што треба повеќе да се стори. Меѓутоа никој не треба да се сомнева во нашата посветеност во Авганистан да работиме на поддршка на тамошната влада. Меѓутоа признанието не е само заради имањето безбедност и сили, туку и заради политиката, обновата, развојот. Потребно е да ги направиме овие работи заедно и да воспоставиме безбедност„

Первез Мушараф се согласи околу зајакнување на соработката во борбата против тероризмот но нагласи дека е погрешно да се верува дека сите активности на талибанците се поддржани од пакистанска територија. Тој нагласи дека проблемот е чисто авганистански, но најави дека е потребна акција за прекин на поддршката

„ Нашите желби и намери се многу јасни. Мораме да се бориме против тероризмот и есктремизмот. Мораме да се бориме против милитантните талибанци и да ги поразиме. Правиме се што можеме и го даваме нашиот максимум„