1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин не го блокира европскиот пат на Балкан!

3 јули 2010

Од германската влада ги демантираа пишувањата на хрватскиот весник „Национал“ дека германската канцеларка Ангела Меркел ги уверила членките на ЕУ дека треба да се престане со проширувањето по приемот на Хрватска.

https://p.dw.com/p/O9PD
Меркел не ги убедува европските колеги да престанат со проширувањеФотографија: AP

На портпаролот на германската влада Улрих Вилхелм не му се познати вакви информации:

„Не ми се познати изјави на сојузната канцеларка Ангела Меркел во кои тврди дека по влегувањето на Хрватска во ЕУ, ќе дојде до крај на проширувањето. Мислам дека нема актуелна изјава на канцеларката со поддршка на ваков став. Западниот Балкан има перспектива за членство во ЕУ, која е поврзана со низа услови и кои претходно мораат да бидат исполнети.“

Такво писмо не е стигнато

„Национал“ објави во истиот текст дека сите земји-претенденти за членство во ЕУ со доверливо дипломатско писмо се известени за одлуката дека ЕУ по приемот на Хрватска ќе се откаже од натамошно проширување.

Во амбасадата на БиХ во Берлин велат дека такво писмо не е стигнато.

Точно е дека германските политичари и некои земји од ЕУ повеќе би се занимавале сами со себе и би го успориле темпото на проширувањето кон Западен Балкан, но засега нема сигнали дека проширувањето ќе биде целосно запрено, потврдува и германскиот политиколог Бодо Вебер. Челниците на ЕУ се свесни за фактот дека со стопирањето на проширувањето ќе се повторуваат старите проблеми на Западен Балкан, оценува Вебер:

„ Постои желба да се успори или дури и да се застане на некое време, но постои и свест дека тоа би можело да има негативни последици за стабилноста на Балканот, на друга страна има и свест дека едноставно не може да се оди кон таква политика, постојат земји кои се силно на позиција за проширување кон Западен Балкан.“

Автор: Селма Филиповиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев