1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без визи во 2009 во Европа?

Силвера Падори10 ноември 2008

Македонија постигна голем напредок и може да се случи во 2009-та година да има целосна либерализација на визниот режим, ова одговарајќи на прашање на ДВ го најави Жак Баро, потпретседател на Европската комисија.

https://p.dw.com/p/Fqtp
Еврокомесарот за правда и безбедност, Жак БароФотографија: picture-alliance/ dpa

Германскиот главен град Берлин е домаќин на европските експерти за безбедносна и одбрамбена политика. Тие расправаат за постигнатото и предизвиците на безбедноста, како и за значењето и сигурноста на границите. Конгресот го отвори вице-претседателот на Европската комисија Жак Баро, кој инаку е надлежен за правда, безбедност и слободи.

Честитки за постигнатото

"

Сакам да и’ честитам на Република Македонија или ФИРОМ, или незнам како да ја наречам, за постигнатиот прогрес. Има толку постигнато што може да се случи во 2009-та година да има либерализација на визите“ - порача Баро. Според него тоа не се однесува само на Македонија, туку и на другите земји од Балканот. Баро меѓутоа истакна дека либерализацијата сепак ќе зависи од исполувањето на поставените услови, како што е напредокот во борбата против организираниот криминал, против корупцијата, како и безбедноста на надворешните граници.
Themenpaket Schengen Abkommen Ort Schengen
Таблата на селото Шенген во Луксембург, каде во 1985. беше потпишан договорот за симнување на граничните рампи меѓу ЕУ членкитеФотографија: picture-alliance/ dpa

„Ова ќе се оценува за секоја земја одделно. Но, Македонија е најнапред отидена од земјите во регионот”, изјави Жак Баро на Конгерсот за европската безбедносна и одбрамбена политика, што се оддржува во Берлин.

Баро говореше за значењето, привилегиите и слободите кои ги дава Шенген-зоната и истакна дека од наредниот јуни, кога во биометрискиот пасош ќе се најдат и отпечатоци од прстите, ќе биде оневозможено, како го нарече, тргувањето со визи.

Во панел расправата на Конгресот учествуваат и претставници од македонското Собрание и Министерството за одбрана, кои пред европските експерти ќе пренесат зошто визните бариери треба да се отстранат. Македонија на овој план направи многу, вели пратеникот Александар Николовски, кој ја предводи македонската делегацијата. Тој ги појасни и петте исполнети критериуми, така што сега се’ зависи од политичката одлука на Европската комисија.

Deutschland G8 Polizeikontrolle Schengen Autobahn Grenze
Симнувањето на граничните рампи не значи дека нема контроли: полицаец на автопат на „границата“ меѓу Германија и АвстријаФотографија: AP

Табу тема - европски безбедносни интереси

На Конгресот експертите дискутираат за неопходноста од дефинирањето на вистинските европски безбедносни интереси, кои на политичко ниво, се’ уште се табу тема и потиснати од националните интереси.

"

Ова табу не е повеќе прифатливо. Во услови на глобализацијата и заканите за земјите, кои таа ги носи, концептот на чисти национални безбедносни интереси во Европа едноставно не е во духот со времето. Затоа е неопходно да се утврдат заедничките европски безбедносни интереси - констатираше и Карл фон Вог, претседавач со Конференцијата.