1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барозо: Не треба да му се врти грбот на Западниот Балкан

АТ/ миа2 јули 2014

Претседателот на Европската комисија во заминување Жозе Мануел Барозо денеска во Стразбур предупреди да продолжи интеграцијата на Западниот Балкан во Европската унија.

https://p.dw.com/p/1CUS1
Фотографија: /AFP/Getty Images

Во рамките на излагањето на билансот на грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо предупреди да не им се „врти грбот“ на земјите од Западен Балкан.

Претходно Жозе Мануел Барозо, чиј мандат е на крај, потсети дека во 2004 година ЕУ броеше 15 земји членки, денес десет години подоцна тие се двојно повеќе, 28 земји членки.

Претседателот на Европската комисија посебно инсистираше дека проширувањето и обединувањето на европскиот континент е едно од „најголемите и исклучително достигнување на ЕУ“.

„Ќе биде голема грешка зако им го вртиме грбот на земјите од Западен Балкан. Ќе биде грешка ако ги затвориме нашите граници. Го видов напредокот во овие земји, како при мојата последна посета на Албанија, затоа не треба да им го вртиме грбот и да се затвориме“, порача од Стразбур Барозо.

Тој нагласи дека треба да се почитува договорот со земјите од Западен Балкан, бидејќи спротивното ќе биде неодговорно, но овие земји треба претходно да ги исполнат условите.

Инаку грчкиот премиер Андонис Самарас во својот биланс како постигнувања ги престави напредокот на Албанија и Србија, споменувајќи ја Турција, заборавајќи ја Македонија.