1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барикадите сепак остануваат!?

8 август 2011

И покрај постигнатиот договор со српскиот претседател Борис Тадиќ да се прифати понуденото решение од КФОР за окончување на кризата на северот на Косово, косовските Срби и во текот на ноќта останаа на барикадите.

https://p.dw.com/p/12Cl8
Фотографија: DW

Претставниците на косовските Срби го прифатија договорот за мирно решавање на кризата на северот на Косово, по синоќешната средба со српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград. Сепак, неизвесно е дали по 14 дена ќе бидат тргнати барикадите од патиштата на северот на земјата. Српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ изјави дека се надева оти косовските Срби, на заедничкото Собрание во вторник, ќе донесат позитивна одлука за почитување на договорот со КФОР.

Автор: БГ/ТТ/бета

Редактор: Горан Чутаноски