1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари:нема дефинирани рокови за Косово

23 септември 2006

Советот за безбедност на ОН синоќа расправаше за Косово на затворена седница

https://p.dw.com/p/Adhx
Косово
КосовоФотографија: AP

Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари вчера пред Советот за безбедност,кој расправаше за иднината на Косово,изјави дека нема дефинирани рокови за преговорите и најави продолжување на техничките преговори меѓу Белград и Приштина.Ахтисари сепак оцени дека преговарачките страни не се на позициите на кои би требало да бидат,предупредувајќи дека никој нема да смее да го блокира процесот на преговори.

Седницата на Советот за безбедност на ОН беше затворена.

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави по неа дека може да се има умерен оптимизам.Ситуацијата според него ја компликува ставот на одреден број на членови на Контакт групата за Косово,кој оди кон условна независност,на што се противи Србија.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу побарал прогласување независност на Косово до крајот на 2006 година.