1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари ја продолжува посетата на Косово

11 јуни 2006

Специјалниот пратеник на ОН за решавањето на статусот на Косово , Марти Ахтисари денеска ќе престојува во поделената Косовска митровица .

https://p.dw.com/p/Adiz
Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

Вчера Ахтисари по средбата со косовската преговарачка делегација и претставниците на Србите во покраината , истакна дека на решавањето на статусот на Косово , ќе му претходи решавањето на техничките прашања за кои се преговара во Виена , со цел Косово да биде изградено во мултиетничко општество со еднакви права за сите негови граѓани.

Ахтистаси во Приштина уште ги повика претставниците на малцинствата особено на Србите да се вклучат во работата на косовските институции, за да може да биде започната заедничката изградба на мултиетничко Косово . На средбата со преговарачката делегација на Косово , финскиот дипломат истакнал дека децентрализацијата е најдобриот пат за создавање на мирен живот пред се на мнозинското население но и на малцинствата вклучително и на српското. Тој ги пофали претставниците на косовските институции за досегашните напори за приближување до малцинсските заедници:

„ Преземени се многу мерки во таа насока и јас им благодарам на претседателот и на премиерот што се ангажираа во процесот за приближување на институциите кон малцинствата. Сакам да апелирам и до малцинстават особено до Србите да ја прифатат понудатата на владата и да се вклучат во ксоовските институции. Тоа е најдобрата гаранција за конечен почеток на изградбата на мултиетничко општество “- истакна Ахтисари.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу беше задоволен од разговорите со Ахтисари . Сејдиу на средбата истакнал дека е неопходно статусот на Косово да се реши до крајот на оваа година:

„ Заеднички ја анализиравме и досегашниот учинок на Косово , како и на преговарачката делегација но и на останатите тимови вклучени во разговорите во Виена. Ги анализиравме и активности што ги прави владата ги прави во насока на исполнување на стандардите ,што е дел од исполнувањето така да кажам од нашиот внатрешен мандат. Секако беше истакната и желбата оваа наша заедничка работа биде завршена до крајот на годината“

Српските претставници пак во разговарите со главниот меѓународен преговарач во процесот за статусот на Косово , на Ахтисари му ги пренеле ставовите на српската заедница за состојбата на Косово и неговата иднина:

„ Нормално изразивме загриженост за иднината на Косово и пред се за безбедноста на Србите и на другите неалбанци на косово . И забележавме и на меѓународната заедница дека во целиот овој процес за решавање на статусот на Косово премалку прави за подобрување на заштитата на косовските Срби и останатите малцинства во покраината“